Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
СВЕ ЈЕ ИСТО, САМО ЊЕГА НЕМА
Поминавме една мошне тешка и бурна година, а којзнае што сѐ нѐ чека во следните 365 дена? Веќе шест месеци како ВМРО-ДПМНЕ е на власт и ништо не е мрднато од мртва точка. Само што го добија мандатот, ги разиграа лопатите, па искрено тоа е и единственото нешто со што можат да се пофалат. Нова постава – стара шема.
НОВА ГОДИНА ЗАД РЕШЕТКИ
Новогодишните елки веќе се украсени и во повеќето затвори низ државава. На затворското мени, како и секоја година, се предвидува збогатена вечера, а ќе се сврти и некое оро. Светлото ќе се угасне кога ќе се поклопат стрелките на часовникот. Но, за тоа не треба да се грижат познатите бегалци Груевски и Груби. Нив нема да им се стемни на полноќ како на другите „обични“ притвореници и затвореници.
СУДБИНАТА НА ГРУБИ?
Секој кој има(л) моќ и влијание не сносил одговорност, освен во исклучителни случаи и специфичен контекст. Каква ќе биде судбината на Груби – дали ќе бега како Груевски и Даравелски за да му застари делото, ќе се пазари како Мијалков и Камчев за поблага казна, или пак епилогот ќе биде нешто сосема трето?
ГОДИНА НА ПРОМЕНИ
Мицкоски, на кој никој не му даваше шанси минатата Нова година, сега е суверен владетел на земјава и одлучува дали и како ќе се вмеша во албанскиот дел од локалните избори, и со тоа сам да си го избира коалицискиот партнер.
ЕКОНОМСКИ БУМ
Резимето на премиерот Мицкоски за 2024 година звучи навистина розово ако се одземат некои владини потези, кои беа цел на жестоки критики од опозицијата, но и од експертската јавност, додека најавите на владата дека ќе имаме многу силна економска година во 2025-та звучат оптимистички дури и за најголемите оптимисти.
БУДНА ЈАВНОСТ
Свесноста дека по Курто доаѓа Мурто и обратно, е налик на свесноста дека секој ден треба да се прават физички вежби за да се остане во кондиција. И како што еден ден правиш вежби за мускулите од горниот дел на телото, а следниот ден нив ги одмораш додека правиш вежби за мускулите од долниот дел од телото, еден ден вежбаш за сила, друг ден за кондиција, така некако и на политичката сцена треба да се гледа.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Кога Јордан Мијалков, за првпат ме слушна што зборувам на влада, гласно коментираше: „А бе овој ќе ја продаде Македонија!“ Му одговорив на смеење дека не сум подготвен да полемизирам со него затоа што секогаш носи пиштол, па неговиот „аргумент“ ќе биде посилен.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Три децении партиска партизанштина и инсталирање во институциите на неграмотни корисни идиоти со фалш дипломи. Партиски властодршци со когнитивна дисонантност ги глодаа и анулираа знаењето, стручноста, правдата, емпатијата и одговорноста, а преферираа кретенизам, лаги, пљачки и вградување во клептократскиот систем.
Ана ПАНОВСКА
Не е лесно да влечеш за напред, да ги исполнуваш условите што големите западни сили ги бараа од нас и тоа да го влечеш со тешки тегови на грбот (ВМРО-ДПМНЕ), кои во одредени периоди толку натежнуваа, што државава се закопуваше во место, немаше напредок.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Македонија денес е земја на луѓе без насмевка. Тоа е поразителен факт, чија анализа од психолошки, социолошки и од политиколошки аспект е длабоко трагичен. Тоа е факт пред кој треба да се засрами секој што себеси се смета за политички општествено релевантен во државава.