Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЧУЈТЕ И ПОЧУЈТЕ!
Сѐ е полесно кога „најдобрите“ си имаат резервна татковина и странски пријатели. Орбан му пружи дом на Груевски, а еве ќе се најде чаре и за Груби. А борците за правда ќе си почекаат дома. Нив нема кој да ги угости и истинтри. Ќе се задушуваат во прашината што зад себе ја кренаа бегалците!
ПОЧИНАЛЕ 20 ДЕЦА
За период од точно 5 месеци, односно од 1 јули до 30 ноември годинава, починале вкупно 19 деца. Само во октомври и во ноември починаа неколку од нив, а од ваквиот тренд не беше исклучок ниту тековниот декември, со оглед дека деновиве клиниката ја стресе уште еден трагичен случај со смртта на 7-месечно бебе.
ЗАКОН ЗА ЈАЗИЦИ
Со одлуката да одржи подготвителна седница за Законот за употреба на јазиците, Уставниот суд ги смири политичките тензии, главно генерирани од наративот на ДУИ дека се доведуваат во прашање колективни права на Албанците. „Фокус“ побара дел иницијативите за оценување на уставноста на (делови од) законот, со цел да изврши увид кои точки сегменти и аспекти се проблематизираат.
УНГАРСКИ„4iG“
Според искуството на АЕК, потребни се најмалку 3 до 4 месеци за да се заврши целата постапка, а од унгарската компанија велат дека постои можност првите повици да бидат направени веќе следната година ако добијат поддршка од локалните партнери со инфраструктура, базни станици и технолошка опрема.
ПРОТЕСТИ ВО СРБИЈА
Без разлика на менталитетот на Србите како народ, на сите им е јасно дека во целомесечните протести на улиците ширум Србија има нешто повеќе од искрено жалење за настраданите во Нови Сад. На бранот на незадоволството наеднаш сите сакаат да се прикачат и се формира сериозно движење.
ДОБРИТЕ СТРАНИ НА БЕГАЊЕТО
Кога крадецот ќе ја обие бравата, тоа е проблем, додека алармот што се активира и дава сигнал дека бравата е обиена, не само што не е проблем, туку и води кон брза реакција и решавање на проблемот. Е па, во телото, болеста е крадец, а болката е алармот. Така и со бегањето на некои политичари.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Луѓето уште не разбираа дека со распаѓањето на авторитарниот режим на Југославија, одговорноста и иницијативата на секој поединец станува важназа опстанокот на Македонија. Од тоалетите во институциите до владата.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Факт е дека какво било ембарго на пандемијата Тик-ток за хроничните онлајн-луѓе и „гниењето на мозоци“, не само што би било штетно, туку и ризично и опасно решение. Единствениот рецепт е едукација и контрола од родителите и од училиштата.
Ана ПАНОВСКА
Портпароли на партиската полиција на Мицкоски арогантно се перчат од партискиот пулт откривајќи ни што ќе гледаме во следната епизода од акционата серија на нашиот Елиот Нес. Можеби во некоја од следните епизоди ќе видиме како полицијата по грешка бувнува во некои од општините на ВМРО-ДПМНЕ и на коалициските партнери.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
За да биде парадоксот уште поголем во овие петнаесетина години, колку што трае ерата на галење на странските инвеститори, ниту една влада не собра политичка сила и морална доблест за да излезе пред граѓаните и да им соопшти колку од нивните крваво заработени пари им се подарени на „странците“!