1523

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

НЕТФЛИКС ОРИЏИНАЛ
Сторијата за неуспешната операција за враќање на Груевски предизвика големо внимание и интерес, но не и јавна реакција од ниеден од учесниците на фамозната средба, со исклучок на Бујар Османи. Иако тој деновиве потврди дека се одржала оваа и многу други слични средби, па дури и призна дека барале начини како да се дојде до двотретинско мнозинство за уставни измени, нему текстот му делувал како филмско сценарио, така што му фалело само уште да стои „Нетфликс ориџинал“ за да биде комплетен.

„ПОЦРНЕТИ“ И ОСОМНИЧЕНИ
Како гром од ведро небо, „удри“ веста дека поранешниот вицепремиер Артан Груби и судијата Енвер Беџети се ставени на „црната листа“ на САД, поради вмешаност во „значителна корупција“. Веќе следното утро, пак, беше обелоденета и голема акција злоупотреби во ЕСМ, при што осомничен е и ексдиректорот Васко Ковачевски. Што пишуваше „Фокус“ за нив?

ЗЛОСТОРСТВО БЕЗ КАЗНА
По пресудата за сексуална злоупотреба на девојче од Велес, неодамна е донесена пресуда и за злоупотреба на девојче од Тетово, кое било продавано за секс уште од 14 години! Првообвинетата, наместо на најмалку 10 години затвор, е осудена на правосилна казна од само 4 години и 6 месеци.

УВОЗ НА РАБОТНИЦИ
Нашите работници, посебно во угостителскиот сектор, не сакаат да работат за плати од 350 до 600 евра и одат кон земјите во ЕУ, но овие плати се причина што и дел од увезените работници од Азија по извесен период сакаат да заминат таму каде што се и македонските.

СИРИЈА
Турската армија изведе импресивен напад со незапамтено брза победа. Сега треба да ги очекуваме следните потези на Ердоган, кои сигурно ќе бидат насочени против Курдите на истокот на Сирија, а веројатно и против Египет во некоја поинаква форма.

ПОДЕМ И ПАД
Оние луѓе што си велат „ех, да ми даде некој мене само еден ден власт и одврзани раце, има сѐ да средам и чуда има да направам“, не сфаќаат дека тој што ќе ти даде власт, нема да ти ја даде за ти да правиш чуда по твој ќеф, туку за неговите интереси да се реализираат.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Нерасположението на премиерот Кљусев со мојата работа, излезена виделина на 17.6.1992. Тој ден, имено, премиерот направи нешто што веројатно е без преседан во парламентарната демократија: упати писмо до членовите на својата влада, до претседателот на републиката Глигоров и до претседателот на парламентот Андов.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Мафијашкиот модус операнди систем функционира беспрекорно: се отвораат кривични предмети, со цел фиљан заможни човеци и фирми да се уценуваат и држат под закана од прогон. Откако осомничените ќе видат „колку е саатот“и ќе сконтаат дека мора да се „дисциплинираат“.

Ана ПАНОВСКА
Претпоставувам дека владата веднаш ќе ги активира органите на прогонот и дека „досието“ Груби ќе биде ставено во погон на институциите. Тоа не би требало да се одолжува како за другите ликови од црната листа на САД, пред сѐ, зашто не се коалициски партнери со ДУИ.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Премиерот Мицкоски, во кадровската сфера не прави ништо друго туку само им обезбедува континуитет и продолжен живот на политиките на неговиот лут политички противник Заев. Најголем доказ дека е тоа така се определени кадровски решенија со кои рехабилитира поедини политички камелеони.

Љубомир ГАЈДОВ
Претседателот Глигоров, девет години самостојно, за жал погрешно ја водеше меѓународната политика на Македонија! А тоа беше причината што одбив да го наследам министерот за надворешни работи, Малески, по неговата оставка во 1992 година.