Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
КОЈ Е МИЦКОСКИ ДА АПСИ?
Премиерот Мицкоски нека го остави правосудството на експертите, а тој нека си ја врши работата за која седна на Илинденска. За да не се враќаме пак на времето на Груевски. Сакаме да го заборавиме тоа време и таа диктатура!
„ОТСТРЕЛ“ НА ОБВИНИТЕЛИ
Мицкоски го засилува притисокот врз обвинителството, па од улога на полициски инспектор или обвинител најавува робусна акција против обвинителите, кои не се по негов вкус. Од републичкото обвинителство, сега притисокот го пренесува на скопското обвинителство.
ИНТЕРВЈУ: ФАНИ КАРАНФИЛОВА-ПАНОВСКА
По речиси тридецениска ангажираност во граѓанското општество, Каранфилова-Пановска одлучи дека е дојдено време да почне да се занимава со политика. Во интервју за „Фокус“, новата заменик-претседателка на СДСМ истакнува дека нема да кокетираат со национализмот, нема да поттикнуваат реторика на омраза и поделби и нема да толерираат застранување од вредностите на солидарност и грижа за сите, особено за најранливите, туку ќе докажат дека се патриоти низ заедништво, почит кон граѓаните и спроведување инклузивни политики.
ПОДОЦНА ВО ПЕНЗИЈА
Претставниците на меѓународните финансиски организации побарале да се размисли за подигнување на старосната граница за пензионирање, а експертите сметаат дека прашање на време е кога владата ќе соопшти дека донела таква одлука.
БЛИСКИОТ ИСТОК
Поделени се мислењата околу тоа дали жариштата во Украина и Израел беа поврзани. Но, кога во истата каша наеднаш ќе влезат и Сирија и Грузија, тогаш е јасно дека навистина сме на работ или веќе внатре во виорот на Третата светска војна.
ДЕФИЦИТ НА КАДРИ
Политичарите колку и да сакаат да нудат пари за да ја купат довербата или поддршката или барем послушноста на народот е бадијала. За некои работи, довербата, поддршката, па и послушноста не се купуваат, оти не се на продажба. Тие мора да се заслужат.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Помошник државниот секретар Томас Н. Најлс целосно ги поддржа грчките историски аргументи по прашањето за Македонија на сослушувањето од 23 јуни пред Комитетот за надворешни работи.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Кованицата „оксиморонска мантра-шантра“ е магична политичка формула и заштитен знак на (северно)македонската политика, која нелогично спојува три противречни поими. Поедноставено, „оксиморонство“ како остроумна будалштина, кога нешто навидум е сосема нелогично, а, всушност, мудро и длабокоумно срочено.
Ана ПАНОВСКА
Додека Мицкоски темелно е загнат да ги стави под партиска контрола сите државни институции, дефинитивно почнува да се губи. Не може да ги пофаќа конците што ги заплеткуваше со години, залажувајќи се и самиот себе, дека кога ќе дојде на власт, ќе ги отплетка.