Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
КРИВИ СМЕ, БОГАМИ!
Што би рекол Бранко Црвенковски, народот не е крив и кога греши. Не е крив, но криви сме што сме дозволиле години некој да нѐ влече за нос, патолошки да нѐ лаже, да нѐ донесат до дното, да ја уништат секоја пора од општеството, да си гледаат само за својот џеб и на сѐ тоа – ние сѐ уште да им веруваме.
ПРОФЕСОРКА ИЛИ ПОЛИТИЧАРКА
И декларативно и програмски, претседателката Сиљановска предизборно се обрза дека нејзини главни заложби ќе бидат правото и правдата, владеењето на правото, европските вредности. Но, каква врска имаат овие постулати со помилување на контроверзни лица со криминална историја и позадина?
„ПОШТЕНСКА БАНКА“
Неодамна пропадна уште еден од случаите на СЈО, „Поштенска банка“, тежок 8 милиони евра. Првичната штета на предметот му ја нанесоа измените на Кривичниот законик, а потоа го дотолчи повлекувањето на жалбата од страна на Вишото скопско обвинителство.
УНГАРСКИ КРЕДИТ
Засега е познато дека единствената обврска за компаниите ќе биде да учествуваат со 20 проценти од инвестицијата, чиј максимален износ ќе биде 10 милиони евра, а ќе се кредитираат основни средства, обновливи извори на енергија и административни згради за сопствена употреба.
ВТОРА ХИРОШИМА?!
Без разлика дали ракетната ескалација на војната во Украина е саботажа или услуга од Бајден кон неговиот наследник Трамп, речиси целиот свет е свесен дека САД и Русија на крајот ќе мора да седнат на зелената преговарачка маса.
ЏИЛИТАЊЕ
На политичарите им треба народот, и граѓаните им се битни, и затоа и им се џилитаат. Но, дали на граѓаните им се потребни и битни политичарите, или на нивно место, безмалку било кој просечен човек може да се постави и да не се почувствува разлика?
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Поднесувам оставка во знак на протест против одлуката на ЕЗ со која и е нанесена голема неправда на Република Македонија. Луѓето од Заедницата не опстојаа на дадениот збор, дека за името нема да одлучваат без наша согласност.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Дилема е дали т.н меѓународна заедница „пушта вода” дека ја респектира марионетската, пандемиски корумпирана и за греота Македонија? Или пак, ја наградува „бела Рада” без никаков домашен рејтинг за идеопоклонството и одработеното во нивна полза и интерес?
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Владејачката коалиција на чело со ДПМНЕ во овој период на своето владеење направи низа отстапувања од своите предизборни ветувања, особено на планот на името и ветувањето за ,,без -компромисна“ борба против криминалот и корупцијата. Ама тоа не е доволно за да СДСМ победи на евентуални предвремени избори.
Ана ПАНОВСКА
Дали сум југоносталгичар? Да, ама не на начин како што вмровциве ја разбираат таа носталгија. Си ја сакам Македонија, независна, самостојна, моја. Но, ми недостига отвореноста, конкуренцијата, трката, натпреварот, надгледувањето како тоа го прават другите, успешните.