1520

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ШОК ДО ШОК
И додека сите замижуваат, се разбудија зелените од ДУИ. Изгледа сон не ги фаќа откако станаа од удобните функционерски фотелји, па дури сега, во 12 и 5 увидоа дека воздухот бил отров и убивал. До вчера дишеа со полни гради, а од неодамна и тие со задршка, пар-непар. Епа, добро утро!

ВРАЌАЊЕ НА ГРУЕВСКИ
„Фокус“ обезбеди информации од релевантни политички и дипломатски извори која е целата вистината околу неуспешниот план за враќање на Никола Груевски во контекст на уставните измени, вклучително и за фамозната средба во претседателската вила на Водно кога станало збор за негова амнестија. Кој е кртот што ја документирал и разоткрил оваа средба?

ИНАЕТОТ НА АРСОВСКА
Арсовска седна на градоначалничкото столче, а за цел овој период не реализира ниту еден проект. Но, затоа успеа да избрка повеќе од 150 луѓе, да им поднесе кривични пријави, сѐ на сѐ – да им го уништи животот.

ИНТЕРНЕТ ТРГОВИЈА
Без разлика на огромниот напредок во однос на минатите години, македонскиот е-купувач останува во рамки на балканскиот просек. Иако е добро поврзан со интернет, тој главно го користи за социјални мрежи, телефонирање, видеоповици и за забава.

ЗАГАДУВАЊЕ
Наместо сериозни мерки, повторно се случува кратења на буџетите од програмите за загадувањето. Предлог-буџетот за 2025 година е на комисиска расправа во Собранието. Над 103 милиони евра се планирани за заштита на животната средина.

АДИТИВ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ
Ако не можеш да бетонираш ноќе, донеси рефлектори, а ако е премногу ладно, ќе ставиш адитиви во бетонот. Ако ти фалат пари за некои проекти да ги реализираш, просто земи кредит и со тие пари, со тој адитив, финансирај ги сите проекти за кои ти фалат средства.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Претседателите и премиерите на државите-членки на ЕЗ, сепак, ја усвоијазлогласната Лисабонска декларација, со која изразија подготвеност да јапризнаат нашата држава ако во нејзиното име не е содржан зборот„Македонија“.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Македонија веќе одамна ја изгуби битката од копитарите. Тој смислен, опасен децениски проект на состојба на духот се спроведува и се манифестира низ посебна култура во царството на кичот, шундот, примитивизмот и анархизмот.

Ана ПАНОВСКА
На Зеленски дефинитивно не му е гајле за украинскиот народ со кој владее. Тој единствено копнее по својата замислена историска улога на војсководец што ја победил Русија. Го попари, го уништи својот народ.