1519

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ИЗБОРИ
Настрана партиските резони, изборите не треба да се промовираат како решение на сите предизвици со кои се соочува државата. Наместо за мерење мускули, добриот изборен резултат што го постигна ВМРО ДПМНЕ и широката и стабилна коалиција што успеа да ја состави со ВЛЕН и ЗНАМ треба да ги искористи за затворање на отворените политички прашања, се разбира – на достинствен начин.

СМРТТА НА САЛМОНД
Поранешниот шкотски премиер Алекс Салмонд, почина во хотел во Охрид. Обдукцијата покажала дека се работи за срцев удар. ,,Фокус” дознава дека луксузниот хотел не располагал со дефибрилатор, како што налага Законот за здравствена заштита…

ОБВИНИТЕЛСКА ВОЈНА
Се разгорува обвинителската војна. Републичкиот Коцевски го суспендираше шефот на вишото скопско обвинителство Хајрулахи по отворена истрага за неговото однесувањe, но и работа. Дали од првичните обвинувања за мобинг ќе се стигне до забошотување на влијателни предмети, тешки милиони?!

УНГАРСКИ КРЕДИТ
Банкарската провизија би била меѓу 1 и 2 отсто, додека рокот на враќање е поголем проблем за преговарање бидејќи банките не сакаат да го преземат ризикот од 15-годишна отплата со 3 години грејс период и наместо тоа нудат отплата на период од 7 до 10 години.

ТРАМП
Прашање е дали историските личности ја прават историјата или историскиот момент ги создава нив? Во секој случај, Трамп се враќа со големи најави и амбиции. Барем засега, изгледа дека ништо нема да му застане на патот.

ПРЕСВРТИ
Кој можеше кај нас да верува во есента 2014-та, кога Никола Груевски беше на врвот на својата моќ, дека четири години подоцна ќе биде бегалец од правдата и од државата? Ете, се случува, оти сѐ си бива.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Кога на почетокот од август Русите ме информираа дека во Скопје доаѓа заменик-министерот за надворешни работи, Виталиј Чуркин, со, како што најавија, носи порака, не знаев дека ја носи одлуката за признавање на Македонија од страна на Русија.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Трите статус кво клана СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со народот правеа пичвајз. Ама, нели е во право и кога греши, како што глаголеше првиот политички премиер, народот почна од кримоси да прави власт. Таа и таква власт се вдаваа како рој скакулци и ја таманеа Македонија.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Не го делам и не ми се верува во оптимизмот на премиерот Мицкоски, од неговите средби со Макрон и Шолц. Зошто!? Затоа што големите сили и тогаш и сега, Македонија ја сметаат за монета на поткусурување во однос на своите математики, интереси и политики на Балканот.

Ана ПАНОВСКА
„Градот убав пак ќе никне…“ И, никна, се разграни, се расцвета… Само до кога? До 2014 година. Годината кога му се смени личниот опис на Скопје, кога дојдоа „диви, избркаа питоми“.