1518

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

КОЈ ГО УБИ ВАСКО
Баш таквите инженери, на кои Васко не сакал да им пишува оценкишто не ги заслужуваат, таквите и го убија. Оти некој таков и ја проектирал главната Железничка станица во Нови Сад. Македонија изгуби еднаш што дозволила таков мозок како Васко да си замине од тука. Но, сега изгуби засекогаш.

ПРУГА КОН БУГАРИЈА
Ако првата траса е скоро готова, сосема поинаку е на втората делница меѓу Бељаковце и Крива Паланка, каде, според податоците што ги обезбедивме, на половина од времетраењето на договорот процентот на реализација е 25 отсто. Притоа, дојдовме до информации дека изведувачот ангажирал 4 подизведувачи за вкупно 15 отсто од договорот, меѓу кои има 2 компании во сопственост на турски државјани, регистрирани во ист ден, и згора на тоа – на иста адреса.

МИЦКОСКИ-АПАСИЕВ
Премиерот Мицкоски го тужеше лидерот на Левица, Апасиев, за клевета, но според пресудата на Граѓанскиот суд, го изгуби спорот. Судијата иако утврдил дека Левица објавиле погрешна информација, сепак аргументира дека веста претходно била објавена.

ФАНТОМСКИ ИНСТИТУЦИИ
Илјадници луѓе се вработени во околу 300 непознати државни органи. За овие институции, агенции, заводи и тела никој не слушнал, а сите функционираат со директори, управни и надзорни одбори. Имаат на располагање службени возила и солиден годишен буџет.

ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕК
Остануваме само умерено подготвени за влез во ЕУ. Навистина е загрижувачки што ќе биде ако некогаш и навистина вистински ги отпочне преговорите и мора за 2-3 години да го решаваме сето она што останало нерешено во претходните децении.

БРЗА ПОЛИТИКА
Ако нешто сакаш да добиеш брзо и квалитетно, тоа нема да биде евтино. Ако сакаш да добиеш нешто евтино и квалитетно, тоа нема теорија да биде брзо остварено. Ако сакаш нешто брзо и евтино, не очекувај тоа да биде квалитетно.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Секретарот и заменик-секретарот му изразија на претседателот Глигоров висока почит за конзистентните напори на водството на Македонија да изнајдат мирен пат кон независност и да ги консолидираат демократијата и пазарната реформа во Македонија.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Редно е еднаш засекогаш да им плесне во лице: „Доста ифтирии. Стара мома ќе останам, ама честа и образот не ги продавам“! Ама, како да го стори тоа? Статус кво партиите СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со најновиот негов исцедок (JO)VLEN, се од исто посеано, про’ртено и буѓосано семе.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Актуелната влада веќе јасно покажаа дека намерата за „реформи“ на судско-обвинителскиот систем преку распуштање на Судскиот и Обвинителскиот совет не е чесна и дека, всушност, се сведува на создавање кадровски механизми за замена на „нивните“ со „нашите“.

Ана ПАНОВСКА
Место сите во оваа земја да се примириме, да поживееме комотно еден извесен период како вистинско, веќе заокружено мултиетничко општество, ние се обидуваме пак да ја измешаме работата. Ете и ВМРО-ДПМНЕ бара од МАНУ да ја осмисли стратегијата на земјава.