Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
БАРОН И МИНХАУЗЕН
Навистина, кога се даваат помилувања, не се помилува академската фела. Но, сепак, е симптоматично како и актуелната претседателка и нејзиниот претходник помилуваа двајца припадници на криминалниот клан „Барон“.
ОНКОЛОГИЈА
Предметот „Онкологија“ сѐ уште е во истражна постапка, па останува да видиме дали крајот на годината ќе донесе обвинителен акт против досега петтемина осомничени. Во меѓувреме, излезе уште еден ревизорски извештај, според кој состојбите не се поместени од мртва точка.
СПОРТСКИ ВАУЧЕРИ
Обвинителството неодамна поднесе обвинение против 12 лица, кои се товарат за малверзации при финансирање на спортот тешки 5 милиони евра. „Фокус“ го обезбеди обвиненителниот предлог, каде се наведени субјектите на кои им биле доделени спортски ваучери без почитување на процедури и критериуми.
„КАМПАЊА“
Граѓаните сигурно веќе заборавиле кој победи на парламентарните избори во 2011 година, но овие избори сигурно се уште не може да ги заборав Бошкоски. Тогаш му судеа за „Кампања“, а откако по издржаната 5-годишна робија доби ослободителна пресуда, сега повторно ќе му се суди.
ИНТЕРВЈУ | ВАНЧО УЗУНОВ
Експертот по економија од Правниот факултет во Скопје, во интервју за „Фокус“ вели дека оваа влада нема да спроведе вистински структурни реформи, бидејќи е фокусирана на мерки што само ќе ѝ го продолжат владеењето.
ВЛАДА И ССМ
Ниту Владата потклекна под притисокот на Синдикатот, ниту работниците се откажаа од своите барања. Иако постојат бројни претпоставки за политички и кадровски интереси, факт дека и двете страни имаат издржани аргументи во поглед на растот на платите.
КОЛЕКТИВНИ ТЕЛА
Креирај комисија. Дозволи ѝ да донесе некоја контроверзна одлука за која јавноста со право ќе реагира. Понуди се како заштитник на интересот на јавноста со најава да ја скротиш разузданата комисија. Уживај во растот на рејтингот.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Пораката е: може признавање, ама со друго модифицирано име. Глупости накои подлегнале, сите под влијание на Грција. Во секој случај, не може да нисе наметне ништо без нашата волја. Тоа треба да му се каже на загрижениотнарод.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Ќе има ли крај? Ќе ја биде ли Македонија или ќе отиде џенем? Песимистите гледаат само тунел, оптимистите светло на крајот од тунелот, а реалистите тунел, светло, ама и воз што наближува.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Во очите на нашите соседи, но и пошироко, ние Македонците, како народ, икако држава, веќе стануваме предмет напотсмев и омаловажувања како луѓе што не си ги знаат своите корени.
Ана ПАНОВСКА
Сиљановска набргу ќе сфати дека овој „кикс“ со помилувањата беше, всушност, порака испратена до неа, и тоа под рогозина, токму од оние што ја предложија за претседател. Некако имам впечаток дека целиот тој скандал околу Комисијата за помилување тргна организирано и смислено.