1516

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЧОВЕК НА ПАРТИЈАТА
Доволен доказ е дека  Христовски го именува владата, па сигурно на оваа функција нема да стави некој човекшто не е близок до партиските структури. Тие приказни на некој друг. Сепак, сите сме свесни што значи АНБ и дека може да се поткопаат безбедносните информации.

СТЕЧАЈ НА „БЕТОН СКОПЈЕ“
План за реорганизација на скопски „Бетон“ доставил „Фего Инженеринг“, чиј косопственик порано бил зетот на Минчо Јорданов – Горан Мауровски, кој во 2 други компании соработува со моменталните двајца содружници на „Фего Инженеринг“.

АНБ
Контраразузнавач, кој бил партиски член на ВМРО-ДПМНЕ, стана директор на Агенцијата за национална безбедност. Станува збор за Бојан Христовски, кој обвинува дека останал без безбедносен сертификат поради политички причини, а сега е без највисокиот степен „државна тајна”.

ОБВИНИТЕЛСКА ВОЈНА
Ревизијата на републичкото јавно обвинителство ќе покаже дали во Вишото скопско обвинителство, каде што шефува МустафаХајрулахи, се местеле предмети и дали имало обвинители што постапувале нестручно, како и дали се точни обвинувањата за мобинг, закани и притисоци.

НАДВОР ЕВРОПЕЈЦИ, ДОМА ЏОРБАЏИИ
Домашните политичари, кога се во странство, се сликаат како се возат со метро, со воз, како користат еколошки автобуси, летаат со нискобуџетни авиокомпании, но тука, освен кога станува збор за некаков маркетинг, ретко може да се забележат меѓу обичните граѓани.

ТРИНАЕСЕТТО ПРАСЕ
Ако мејнстрим партиите не сакаат аутсајдерските политички сили да стануваат сѐ појаки и појаки, најмудро е на време да престанат да ги третираат како 13-ти прасиња и да ги внесат вака или онака во играта, каде што ќе имаат шанса да покажат на дело дека не се по ништо различни од сите други партии.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Обидот на Мок да посредува во грчко-македонскиот спор можеше да се разбере само како средство да се доближи до една членка на Сојузот – Грција. Само така можеа да се толкуваат неговите обиди да смисли име кое нема да го содржи зборот „Македонија“.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Веројатно, македонски инфлуенсери на годината се основачите на пирамидалната шема Конти, во која над 14.000 граѓани изгубија десетина милиони евра. Системот функционира на тој начин што секој нов член го исплаќа претходниот, а пирамидата расте додека има нови членови.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
На човека му доаѓа просто да умре од среќа од „историската брилијантност“ на политичарите и „лидерите“, кои ја водат земјата на патот кон светлата иднина. И тоа сѐ во името на Македонија и на овој напатен и ограбен народ.

Ана ПАНОВСКА
Време е ВМРО-ДПМНЕ да се соочи со реалноста, која и вака и така за граѓанството е тешко поднослива. Инаку, со одолжувањето навистина ќе помислам дека баш тие од ВМРО-ДПМНЕ најмногу се плашат што нарачка ќе добијат од европските ментори при отворањето на кластерите од преговарачката рамка.