1515

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

„НАШИ И ВАШИ“
Премиерот може да има очекувања, тоа не е спорно. Може да си отвори гранапче, да си вработи луѓе по свој вкус, и да очекува резултати какви што тој си замислил. Но, ни по Устав, ни по закон, ни по било каков деловник, тој нема право да им биде шеф на челниците во правосудството.

ПОТЕКЛО НА ИМОТ
Мицкоски неколкупати јавно повикува надлежните органи да му испитаат потекло на имот. Но, истовремено тој одбива да открие колку точно средства инвестирал, а колку заработил од малите хидроцентрали. Исто така, одбива да открие кои се луѓето од, како што самиот вели, европскиот бизнис-крем со кој седел на маса, каде се склучувале зделки во делот на трговија со струја вредни стотици милиони евра.

ФУНКЦИОНЕРИ-МИЛИОНЕРИ
„Фокус“ направи анализа на дел од анкетните листови на новите функционери, па време е да им го „измериме“ богатството и да видиме дали може да се номинираат на листата во „скромните“ или, пак, во богатите.

„БАЛАНСЕР“
Дестабилизацијата стана омилен збор на премиерот, но и по укинувањето на „балансерот“, ДУИ не сака дестабилизација и уште се договара дали ќе излезе на протести. Од друга страна му дадоа индиректна поддршка на предлог законот за етничка припадност кој треба да го замени „балансерот“.

ВОДАТА СТАНА ЛУКСУЗ
Додека институциите се препукуваат кој ја предизвикал еколошката катастрофа во Струмица и во Гостивар, граѓаните пијат вода од бунари и супермаркети, а Македонија годишно губи над 60 отсто од вкупната вода за пиење.

ИНТЕРВЈУ | ВИКТОР МИЗО
Според најискусниот менаџер во делот на странските инвеститори, работите во светот се менуваат брзо и ние, како држава, мора да ги следиме во чекор за да избегнеме негативни сценарија, како запирање на приливот на нови инвеститори или заминување на веќе постоечките.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Кучан жали за неприсуството на Изетбеговиќ. Вели дека тоа што се случува во Босна е агресија. Оваа војна е поинаква од таа што се случи во Словенија зашто е војна против една независна држава. Искажува загриженост таа да прерасне во една општојугословенска или општоевропска војна.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Племенските лидери повеќе од три децении ачик фураат модел на дезинтеграција со две алтернативни опции: создавање паралелни институции како основа за бинационална држава или, пак, сеалбанско обединување.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Во едно економски, политичко-правно и морално здраво општество, на паметните и способните луѓе не им се потребни ниту етнички,ниту какви било други основи и „клучеви“ за да ги реализираат своите права на работа, творештво и слобода.

Ана ПАНОВСКА
Ни треба „ЛОПАТИЈАДА“! Да засукаме ракави, лопатите в раце и да го спастриме овој растур од држава, оваа погнасена територија што се вика Република Северна Македонија. Таква беше и кога се викаше само Република, без „Северна“.