1514

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЧАЛАМЏИИ
Дали Мицкоски ги научил лекциите од своите претходници, кои во обид да демонстрираат нереална самоувереност и да го задоволат сопственото его и суета, во одреден момент не делувале рационално и прагматично, туку врз база на емоции, страсти и предрасуди, поради што денес се во длабока политичка пензија?

ЖИВОТ НА БАТЕРИИ
Откако на еден пациент ќе му се стави механичко срце, тоа треба да се носи само неколку месеци, а потоа да се изврши трансплантација. Но, пациентите ги носат и по повеќе од 5 години, па голем дел од нив умираат.

НАДГРАДЕНО „ТЕФТЕРЧЕ“
Додека премиерот „мафта со стапчето“ и гидисциплинира како ученици, молк од обвинителската фела. Не му возвратија на Мицкоски, дека тие се оние што даваат оценка, со која или остануваш на слобода, или завршуваш зад решетки.

УБИСТВА
По секое пукање политичките партии бараат оставка од министерот за внатрешни работи што е на власт да даде оставка.Но, фактите се дека криминалните банди се „истребија“ меѓу себе, а истражните органи не успеаа да расветлат ниту едно мафијшко убиство.

СТАНОВИ
Една од причините за порастот на цените е прекумерното вложување во недвижнини и купување станови со пари во кеш, односно со црни пари за кои не може да се докаже потеклото. Колку станот е поскап, толку повеќе пари може да се легализираат.

НЕУЧЕЊЕ ОД ГРЕШКИТЕ
Постојано има повици да се забранат спортските обложувалници, давачите на брзи кредити и пирамидалните шеми за брзо збогатување…Луѓето преземаат ризици оти сакаат да покажат дека се храбри, па ако им забраниш една форма на ризик, ќе си најдат друга, можеби поризична.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Карингтон го прозива министерот за надворешни работи на Србија, Јовановиќ: „Дали укинувањето на санкциите на ЕЗ кон Србија е услов да се прекинат економските санкции на Србија кон Македонија и кон Босна“.  „Да“, одговора Јовановиќ.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Потврдено и заверено со досегашните водачи-апаши „Папата“, „Мона Лиза“, „Гаргамел“, „Паторот“, „Невестулката“, „Ќуранот“, сите инсталирани како премиери анонимуси без ниту ден државничко искуство.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Во државава, повеќе од десетина години, отворено и јасно се кажува дека постои организиран криминал во самото правосудство, но од страна на самите судии и обвинители никогаш, ама баш никогаш, не се слушна ниту еден збор за тоа.

Ана ПАНОВСКА
А нашава Влада место да се усериози, да порасне, да го совлада детското воодушевување од моќта на власта што ја има, само парадира и бара изговори за тоа што треба да го сработи, а не знае како.