Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
СТО ПОСТО – ЗА СЕБЕ!
Сто посто нема да им ги лижеме чевлите на странците, ама мора да викаме „Северна“, сто посто сме посветени на патот кон ЕУ, ама ќе се здружиме со Орбан, да му фрлиме на народот малку кинески пари. Сто посто сме против криминалот, ама нема да апсиме.
ВАЊА И ПАНЧЕ
Двете трагедии, онаа на четирите момчиња и рибарот, како и ликвидацијата на Вања и Панче, покрај големата тага и болка која ја предизвикаа, имаат и други заеднички особини. Во двата случаја мотивот беше енигма, а меѓу доказите недостасуваше и оружјето.
ИНТЕРВЈУ | ДИМИТАР АПАСИЕВ
Најавува дека на локални избори за една година целта им е да освојат градоначалници, па главната битка да ја водат на следните парламентарни избори, кога очекуваат целосно да го потиснат СДСМ и да бидат главна политичка сила во левиот спектар, но и директно да се пресметаат со ВМРО-ДПМНЕ, особено ако власта ги донесе уставните измени.
БРЗА ПРУГА
Од Скопје до Ниш, по брза траса, треба да се пристигнува за 2 часа и за тоа е предвидено возот да се движи 160 км/час. Според експертите, проектот би требало да чини некаде од 1,5 до 2 милијарди евра, пари што ќе се бараат од земји од ЕУ.
ПОСЕТАТА НА ОРБАН
Блискоста со Трамп, влијанието во Вишеградската група и на Балканот и улогата на линк меѓу Пекинг, Москва и западниот свет може да го направи Орбан еден од десетина највлијателни луѓе во светот веќе на почетокот на следната година.
ПАРТИСКИ УНИФОРМИ
Партиски војници вработени во јавните служби да бидат задолжени да носат партиски униформи, за граѓаните веднаш да знаат дали за навремено извршената услуга да ѝ бидат благодарни на една партија, или за барањето мито да обвинуваат друга партија.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Во коридорите на политичките институции во Босна, кои како да беа испразнети од луѓе, владееше некаков чуден мир, некакво злокобно спокојство. Значи, ова е тоа што се подразбира под „затишје пред бура“, помислив.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Со „ефектот на камелеон“ како метафора за способност на камуфлирање дејствија и манири на други,ВРЕДИ продолжува да го „храни“ чувството на племенска припадност преку имитирање и симулирање на нераскинлив дел од три држави на Албанците.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
„Гордоста“ на нашите локални политичари, многу бргу и без многу сила се крши пред налетот на интересите на големите сили, особено што станува збор за апсолутно сиромашна земја.
Ана ПАНОВСКА
Што би се рекло, Радев не е ни свесен колку гадно се лизна со барањето за ставањето на Бугарите во нашиот Устав, кои, место да бидат „с’шт народ“, ќе се наредат во Уставот, и тоа на крајот во набројувањето, само како малцинство.