Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ПРОПАГАНДНА МАШИНЕРИЈА
И еве не повторно, 2024 година, ВМРО-ДПМНЕ на власт. Со брзина на светлината направија нови кадровски промени, ги грабнаа лопатите и за тие неколку месеци колку што се на власт удрија куп камен темелници и најавија бум од странски инвестиции.
СУДСКИ ПРОЦЕС
Почна судењето за убиството на малолетната Вања и велешанецот Панче. Палевски на судењето веднаш почна да ја шири својата верзија за вистината. И тој тврди дека е невин, но и оние кои ги0 открија гробовите.
ИНТЕРВЈУ | ЗИЈАДИН СЕЛА
Села говори за односите со Таравари, за соработката со Ахмети, за изборната победа на Мицкоски, како и за очекувањата на претстојните локални избори, кои, според него, може да се спојат и со парламентарни избори. Тој ги осуди иницијативите за преиспитување на балансерот и на законот за јазици и воедно најавува протести.
НЕФЕР ЗАКОН
Новиот Закон за нефер трговски практики крена многу прашина уште пред да почне да се спроведува и наиде на многу дилеми и разидувања меѓу власта и компаниите.
БЛИСКИ ИСТОК
Најавите од сите страни се недвосмислени. Блискиот Исток го очекува воен судир од многу поголеми размери отколку оној што го гледавме досега во судирите со Хамас.
ЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
Оној кој решил да не верува во нешто, не прифаќа докази за тоа нешто, додека оној кој решил да верува во нешто, не ни бара докази за тоа нешто. Кога тројанскиот коњ има форма на штетна идеја, портите на Троја се најшироко отворени.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
По експресните зборови на добредојде, Пињеиро ме прашува: „Имате ли друго име?“ „Не, но…“ И пред да ме сослуша, вели: „Тогаш состанокот е завршен“, и се крева да стане. Каква дрскост, каква непристојност.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Лицемерно и демагошки, родоотстапниците и губитниците од СДСМ, кои ја испокрадоа државата и ги распродадоа националните интереси, наудрено држат лекции за патриотизам.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Не е познато кој идиот го смисли терминот Западен Балкан, но јасно е дека станува збор за вештачка политичка кованица, смислена да ги одржува Европа и ЕУ во постојан безбедносен ризик.