1511

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ВО СТРУМИЦА НА УЛИЦА
Не помалку важно е и итно донесување на измени на Кривичниот законик со кои, за жал, нема да можат да се санираат штетите кои веќе ги предизвикаа, но ќе се спречат нови во иднина. Се останато е сеење на ветер и магла и тоа почнувајќи од Струмица на улица!

ЕПСКИ КРИМИНАЛ
Власта, преку постојано јавно соопштување на сознанија и тврдења за нелегални дејства, обележува претходници како мети за апсење, предизвикувајќи ги надлежните институции побрзо да постапуваат. Дали најавите за „епски криминал“ ќе завршат со епска одговорност, односно дали ќе „паднат“ и крупни ѕверки или само по некоја ситна риба?

СОВЕТНИЦИ ВО МВР
Тошковски ќе го советуваат кадри од времето на Јанкулоска, но и поранешниот претседател на ДИК, Оливер Деркоски, кому пак ќе му се суди за дебаклот од изборите што се случи во 2015 година.

БРЗА ПОМОШ
Во земјава вкупно недостигаат 52 екипи за Итна медицинска помош, за да може да се задоволи барем законски пропишаниот минимум на тимови што треба да ги има еден медицински центар во зависност од бројот на жители.

ОПШТИНСКИ ПРОЕКТИ
Вкупно 80 општини доставија 357 проекти со кои ќе се борат да добијат дел од колачот. Доделените средства со ребалансот на буџетот се 100 милиони евра. Во текот на јануари 2025 година ќе се распише нов јавен повик за дополнителни средства за општините во износ од 250 милиони евра.

ФИЈАСКО ВО СОФИЈА
Претседателката не успеа во обидот да ни обезбеди какво-такво алиби пред меѓународниот фактор. Сега очигледно ќе треба, или вистински да почнеме да преговараме со Софија, или да се затвориме како во времето на Груевски.

ГРЕШКИ ВО СИСТЕМОТ
Секоја неспособност, порано или подоцна, излегува на виделина, кога ќе се случи она што никој не сакал да го предвиди, иако сите требало да го очекуваат. Во такви случаи, бадијала е спинувањето и префрлањето на одговорноста врз другите.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Надворешните политики на двете земји личеа на бродови, кои, некаде на отворено море, се разминуваат во магла. Заробеници на сопствените национализми, ние, во Македонија не можевме да отвораме болни теми од минатото, тие, пак, во Грција да се свртат кон иднината.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Во изминатите триесет и три години, трите статус кво клана СДСМ, ВМРО ДПМНЕ и ДУИ градеа систем Мафијадонија, со цел да владее хаос и народот да биде беден духом и телом.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Општо познато е дека „во оваа држава“, единствено континуитет во опстојувањето имаат криминалот и корупцијата. Затоа и тој и таквиот пристап кон претходната власт повеќе личи на создавање „бришан“ простор за нов налет на криминал и корупција.