Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ОБЕДИНУВАЊЕ
Можен ли е национален консензус меѓу лицемерни политички елити и обединување на граѓаните, кои во реалноста се поделени по сите можни оски?
„ТОРНАДО“ ДАНЕЛА
Од мандатот на Арсовска останува уште цела една година, но направената штета, според досегашните проценки во Градот, е повеќе од 100 милиони евра. Оваа вртоглава сума е потребна за да се поправи „торнадото“.
ИНТЕРВЈУ | ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ
Трајанов смета дека реални се заканите за дестабилизација на државата и регионов, но, според него, тие нема да имаат поголем успех.Тој ги наведува политичкиот капацитет на земјава и членството во НАТО како два главни чадори на заштита.
ПЕТРИЧ
Изминатите денови ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ повторно се фокусирани на бугарскиот град Петрич, иако и едните и другите имаат блиски луѓе или соработници кои таму имаат фирми и вртат левови.
СУДИЈАТА ПАЈАЗИТИ
Судијата Пајазит Пајазити се најде под лупа на Судскиот совет. Но, усвоен беше само извештајот во кој се констатираат сериозни пропусти на судијата, но одговорност никој не бара.
ДУПКА ВО ПИОМ
Секоја година од буџетот се покрива дупката на ПИОМ и таа никогаш не се намалила под една третина од вкупната сума за исплата на пензиите. Притисокот врз буџетот на Фондот ќе се зголеми откако ќе почне реализацијата на линеарното зголемување од 2.500 денари на септемвриските пензии.
ДОВЕРБА ВО ПРИНЦИПИ
Секое ветување е како семка. Ако се фрли на карпа, нема да никне од него исполнето ветување. Ако се фрли во земја, ама не се наводнува, и тоа нема да никне. Но, ако се засади во плодна почва и се полева редовно, од него може да израсне нешто прекрасно – доверба.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Измислица. Чиста измислица, која и денес стои во документите, енциклопедиите и во изјавите од тоа време, со гордиот наслов: „Пакет Пињеиро“. А, никаков пакет немаше.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Во бугарската ДАР (Државна агенција за разузнавање), кодното име за Договорот меѓу Бугарија и Македонија е „Пазителите“. Договорот се засновувал на принципот „Ти мене пари, јас тебе трговија“.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Формирањето на првата влада на Република Македонија по стекнувањето на независноста на државата, на чело со академик Никола Кљусев беше добар почеток и израз на национално и граѓанско помирување.