1509

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ОВЧАРСКИ ЛАГИ
Ветуваа брда и долини, па сега не знаат како да ги оправдаат ветувањата, што приказна да измислат, а да не кажат дека лажат. ДУИ им беше главна мета за „стрелање“ во кампањата. Наместо законски и транспарентни истраги, ДУИ стана само плашило.

ОБВИНУВАЊА, ПА МОЛК
Пред еден месец, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ обвини за страшна злоупотреба на децата сместени во малите групни домови. Откако помина театарот во Собрание, молк – ниту таа појаснува од каде ѝ се информациите, ниту, пак, некој пријавил во МВР за да се истражат обвинувањата.

ИНТЕРВЈУ | АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ
Во интервју за „Фокус“, тој говори за главните проекти што влегуваат во негова ресорска надлежност, откривајќи нови информации и изнесувајќи сериозни наводи во врска со надзорот над автопатските делнции што (треба да) ги гради „Бехтел-Енка“, за автопатската траса кон Блаце, за пругата кон Бугарија…

ДИСЦИПЛИНСКИ ЗА АДВОКАТИ
Сѐ почнува вo Белград, кога во април се формира Здружение на адвокати на Отворен Балкан, каде што адвокатите Рајна Наумовска-Марковска и Александар Ристески од Македонија се дел од основачите. Тоа на грб на двајцата адвокати им товари битка, а работата оди до таму што им се заканува и опасноста да останат без лиценци.

МАКРОН ВО СРБИЈА
Иако техничко-економски е нелогична и прескапа набавката на цела ескадрила француски борбени авиони, ова ја лансира Србија во геополитичката игра на едно сосема ново ниво.

ИЗМОРЕН НАРОД
Постои една духовита досетка, која вели дека рецептот за среќен брак и мир во куќа е во семејството мажот да биде оној ќе одлучува за сите битни работи, додека жената е таа што ќе одлучува кои работи се битни, а кои небитни. Така некако и кај нас се чини дека се уредени и односите уште од времето на референдумот за независност.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Одговорот беше позитивен, така што Македонија можеше да почне со итните подготовки за превентивните сили на ОН на нејзините граници. Така, би рекол повеќе случајно отколку намерно, ја отворивме вратата, под знамето на ОН, да дојдат и американски трупи во Македонија. Наравоучение: Tи направи најдобро што знаеш и умееш и моли се да ти успее замислата. Успеа! Одолеавмe на искушенијата на војните и со помош на нашите идни партнери во НАТО и во ЕУ, станавме членка на ОН во 1993 година.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Историските и политичките услови во кои тие живееле и дејствувале се премногу различни за да се бара и наоѓа една единствена и заедничка константа во нивната дејност. Единствената константа што ги поврзува е нивната определеност и искрена или изглумена борба за политичка независност и самостојна држава на Македонија.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Западнобалканскиот субрегион изобилува со прекари за народи, како што се Каури, Шиптари, Татари, Бајгањовци, Мекерета, Чокајлии, Геџовани, Чефури, Шкии, Балии, Шокци, Бодули, Шкутори, Јанези. За најголемиот број, ваквите изрази се навредливи и имаат пежоративно значење, па најрационално би било да се однесува според максимата „Не му прави на друг тоа што не сакаш на тебе да ти се прави“!