1508

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ИМОТОТ НА ГРУЕВСКИ
Помина година и пол од правосилната пресуда за „Плацови на Водно“, со која беше конфискуван имотот на Груевски, но тој сѐ уште не е огласен за продажба. Се чека зелено светло од владата, кое со месеци не го стискаше онаа на Ковачевски, а сега и на Мицкоски.

ЗАНДАНИ
Дали лидерот на ВМРО-ДПМНЕ сака да најави апсења или само така ни се чини. Со тие што се договорил, се договорил, тие можеби ќе се спасат, ама најверојатно некои ќе завршат зад решетки. За разлика од нив, СДСМ ги пушти сите на слобода.

УБИЕЦОТ ОД ,,МАВРОВКА”
Лице со дебело криминално досие избеган од затвор уби невин човек само за да го ограби. Осомничениот за убиството кај „Мавровка“, од пребарувањето што го направи „Фокус“, бил осудуван неколкупати и в затвор требало да биде вкупно 14 години.

ИНТЕРВЈУ | ВЕСНА ЈАНЕВСКА
До крајот на септември ќе се донесат нови или ќе се изменат и дополнат вкупно шест клучни закони во образовниот процес со кои ќе се почне коренита реформа во можеби најслабата алка во македонското општество, најавува министерката Јаневска.

ДУИ НА УЛИЦА
Покрај себедокажувањето пред сопственото членство, партијата на Ахмети оваа есен ќе се обиде да презентира и дека има кадровско-технички потенцијал да биде стапот со кој меѓународната заедница по потреба ќе го дисциплинира или само предупредува ВМРО-ДПМНЕ.

БОМБАСТИЧНИ НАЈАВИ
Ако некому му се заканиш со официјална војна, тој треба да биде исплашен, ама ако му се заканиш со неофицијална војна, треба многу повеќе да биде исплашен, оти му велиш дека нема да се придржуваш до правилата.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Испраќањето американски војници со капи на ОН беше прекривка за нивниот воен ангажман. Макар колку симболичен, тој ангажман беше во полза на идната млада држава на Балканот. Еден вид гума за спасување.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
За жал, односот на силата меѓу институционалната и уличната мафија е на страната на мафијата во институциите на системот. Од тој аспект, „борбата“ против уличната мафија, во една своја димензија, може да се разбере и како елиминирање на конкуренцијата.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Круцијалното прашање не е кој е ментор, односно чиј проект е кметицата на Скопје, тие се познати – актуелниот премиер и владејачката партија! Клучниот проблем се граѓаните што гласале како што им диригирале од партискиот штаб.