1507

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ВРАНА НА ВРАНА ОЧИ НЕ ВАДИ
Главниот проблем во случајот е што цели десет години не се најде никој повикан да ја прецизира и дополни Уредбата, па јасно да се ограничи кога смее државниците да се развозуваат на државен трошок, а кога ќе треба самите да си брцнат во џебот. И бидејќи не може по магарето, и овојпат се удри по самарот.

ИНТЕРВЈУ | АФРИМ ГАШИ
Во интервју за „Фокус“, Гаши дава своја перспектива за одењето на свадба со службено возило, за инцидентот на скопскиот аеродром, за молитвата во Собранието и за други настани поради кои се најде во фокусот на јавноста, но говори и за политичките состојби, за евроинтеграцискиот процес, за правосудството…

ПАТАРИНИ
Во Бугарија се вози цел месец за 16,55 евра на автопатишта, во Словенија една недела чини 16 евра, а во Унгарија треба да се платат околу 17 евра за десет дена. Кај нас, пак, на делницата Скопје-Демир Капија-Скопје со 12 евра може да се вози само два дена по релативно лош асфалтен пат.

АРСОВСКА И МИТКОВСКИ
Односите меѓуАрсовска и Драги-Книга се нарушени. Арсовска го обвинила Митковски дека бил на ручек со премиерот  Мицкоски, па со тоа на некој начин ѝ забодел нож во грбот, со оглед на тоа дека таа го смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за свој непријател.

РУСИЈА И УКРАИНА
Ако Русија по некоја веројатност изгуби во овие решавачки битки,  тогаш навистина нивното раководство ќе биде присилено да посегне по неконвенционалните методи и оружја, од кои, со право, стравува целиот свет.

ИНГЕРЕНЦИИ И ОВЛАСТУВАЊА
Знаеме дека е тенка границата меѓу лудоста и генијалноста, а многумина генијалци се однесуваат ко да имаат двојно државјанство (па дури и дипломатски пасош од Лудоста) и таа граница кога ќе ја преминат, не им забележуваме.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Некои други македонски политичари, кои сега имаа своја суверена и независна држава-членка на ОН, од сите можни дипломатски лекции ја научиле најлесната: persona non grata. Лекцијата дека имаш право да протераш странски државјанин што не ти е по ќеф.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Жално и поразително е што во Република (Северна) Македонија на судско-обвинителскиот бандитизам сѐ уште се гледа низ очите на лидерските и партиските интереси, а не низ призмата на законите и владеењето на правото.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Скандалите на аздисаниот рапер Гаши продолжуваат. Со најновата епизода ептен ја прекардаши – со службеното возилo и обезбедувањето замина по невеста на свадба во „неговата татковина Косово“.