1506

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

СЕЛО ГОРИ, БАБА СЕ ЧЕШЛА
Се наметнува прашањето зошто, на пример, не се купи барем едно противпожарно возило наместо да му се дозволи на Изет Меџити да прави уште една журка за Рамковниот? За да се измери со довчерашниот сопартиец Ахмети, кој направил подобра забава?

ИНТЕРВЈУ | ВЕНКО ФИЛИПЧЕ
Во интервју за „Фокус“, Филипче ја коментира владината реторика дека се подготвува дестабилизација, но говори и за состојбите во правосудството, за блиската економска и политичка соработка со Унгарија, а не ја одмина ниту темата за СДСМ по историски најтешкиот пораз на двојните избори.

ТАЛИР
Незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и конфискацијата на „Белата палата“ се два случаи, кои ѝ висат на сегашната нова власт. Првиот чекор кон чистилиштето го направи веќе републичката обвинителка, која бара од Врховен да падне случајот „Талир“.

АЛО ОРБАН
Не е јасна намерата на унгарскиот телекомуникациски оператор за влез на македонскиот пазар на мобилни и фиксни услуги. Не е јасно ниту дали овој проект е поврзан или условен со милијардата од Будимпешта?

УКРАИНА И БЛИСКИОТ ИСТОК
Со упадот на руска територија, Зеленски барем привремено се враќа во игра, и тоа од скоро целосно изгубена позиција. Но, ако паралелно ескалира состојбата и на Блискиот Исток, тогаш украинската армија повторно ќе биде оставена сама.

НЕЗГОДНИ СИТУАЦИИ
Кога нашата власт не покажува никаков интерес да ги поправи состојбите во државава на кои постојано се жалат граѓаните, со тоа демонстрира моќ и самодоверба и парадоксално, таа апатија ѝ помага на власта да ги задржи симпатиите и довербата на тие што гласале за неа.

 

Колумнисти:

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Поверодостојно е дека реформи во суштинска смисла на зборот нема да има! Најверојатно системот на криминал и корупција ќе преживее и ќе продолжи да функционира, но сега, наместо со ,,нивните“, со ,,нашите“ ,,чесни“ политичари.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Најновата бескрупулозна наглост на етнопрофанација беше назначувањето главен ревизор за европските пари од ИПА фондовите. Дотичниот лик од групниот портрет на ВЛЕН, без лиценца скокна од шалтер на банка до ревизор.