1504-1505

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ВЛАДА НА БОГАТИТЕ
Новата власт треба да знае дека успешните бизнисмени и фирмите со голема заработка, не им ја донесе големата победа. Туку, просечниот граѓанин кај кого веќе не поминува, нема пари во буџетот што ни го оставија претходните.

ИНТЕРВЈУ | ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ
Во двобројот на неделникот „Фокус“ објавуваме ексклузивно интервју со премиеро Мицкоски, кој говори за односите во владата, за состојбите во опозицијата, за иницијативата за територијална реорганизација на државата, за реформите во правосудството, за надворешно-политичките и демографските предизвици, како и за индициите и сомнежите за криминални дејства.

СИРОМАШНО ОБВИНИТЕЛСТВО
Наместо да се посвети на борбата против криминалот и корупцијата, обвинителството се чуди како ќе „преживее“, откако со новиот ребаланс на буџетот, владата им скрати уште еден милион евра. Остануваме на дното како најсиромашно обвинителство во регионот.

ДЕТСКА КЛИНИКА
Откако на директорската фотелја на Детска клиника седна Реџеп Мемеди, веднаш како негова десна рака секојдневно се појавува неговиот братучед Аљајадин Мемеди, кој не е работно ангажиран и никој не знае во која улога доаѓа.

ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ
Извештајот на Хидробиолошкиот завод од Охрид покажа дека квалитетот на водата е лош, а таа е фекално и органски загадена. Инспекцискиот надзор, пак, откри дека голем дел од објектите не се приклучени на колектор.

КАМАЛА И ТРАМП
Кадровски и персонално гледано, Камала Харис е барем десетпати подобар кандидат за претседател од Доналд Трамп. Проблемот се излитените идеи за кои таа се залага и компромитираните елити што најдиректно ги застапува.

ЗАЕДНО ИЛИ ОДВОЕНО
Дали е подобро надлежните служби да замижуваат пред некои дубари во некои институции, а кога ќе реагираат тоа да биде по принципот „на купче“ со масовна акција, со драматични упади проследени со запленување.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Во август 1992 година, Лоренс Иглбергер, сега веќе државен секретар, ме покани на разговор во Вашингтон. Овојпат, не бев дојден инкогнито. За тоа секако се погрижиле домаќините во Стејт департментот.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Апсурдот и блуткавоста на „Македонската салата во сос Вето“ стигна дотаму што денешниот хомосапиенс може да се нарече како му текне: воздух, тиква, крт, трет пол, марсовец, само не Македонец!