Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ПУСТОШ
Засега може да го заземе шампионското место на функционер, кој речиси секој ден ги менува најблиските луѓе до неа, ако веќе воопшто ги има. Ги менува нив, ама веднаш по нив ги менува и бравите на канцелариите каде што претходно работеле. Си го третира Град Скопје како своја сопственост.
ИНТЕРВЈУ – СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ
Во интервју за „Фокус“, тој посочува дека цел систем што учествува во гаснењето на пожарите треба да биде комплетно реорганизиран или трансформиран, така што ќе се формира една мултифункционална единица за заштита и спасување на цела територија. Според него, скоро сите шумски пожари се предизвикани од човек.
МАКЕДОНИЈА ВО ПЛАМЕН
Пожарникарите апелираат да се вработат повеќе професионалци за да не се молиме да доаѓаат доброволци од Словенија и од Австрија без искуство за шумски пожари. Во меѓувреме, Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации покажа дека недостигаат 340 пожарникари.
(НЕ)ЕТИЧКИ КОДЕКС
Етичкиот кодекс за владините функционери, кој ги обврзува да се однесуваат економично со народните пари за секоја власт е како парче тоалет-хартија.
РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ
СДСМ ја научи лекцијата и не му остави полна каса на ВМРО-ДПМНЕ. Останува да видиме дали унгарските пари ќе бидат доволни за покренување на економијата или, пак, за првите видливи резултати ќе мора да чекаме сè до следниот календарски буџет.
ДЕФИЦИТАРНИ КАДРИ
Некои дефицитарни дејности се како создадени за глорификација. Тоа што се напорни, ризични или слабо платени, само додава кон нивниот потенцијал за креирање херои од оние што се нафаќаат да ги вршат.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Согласно девизата „секој за себе“, Словенија и Хрватска беа за брзо осамостојување, рамно на сецесија; Србија и Црна Гора беа за унитаризам, рамно на доминација на српската нација; Македонија и Босна и Херцеговина беа за сојуз на суверени држави. Првиот и вториот став водеа кон етнички војни, нашиот кон мир, зачувување на економската целина на пазарот од дваесет плус милиони и соработка меѓу идните суверени држави на сите нивоа.
Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Регрутирањето партиски војници за изборни гласови, претежно абдали од општествените маргини, почна веднаш по воведувањето на повеќепартискиот систем. Клиентелизмот беше и остана увертира во деинституционализација на системот.