1502

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ОПАСНА ИГРА
ДУИ очигледно ќе ги засилува штетните наративи врз меѓуетничките односи како наближуваат локалните избори, кои ќе бидат второ полувреме од нивната битка со ВЛЕН. Ако токму по локални избори заминаа во политичка пензија Црвенковски, Груевски и Заев, дали истата судбина го чека и Ахмети?

ИНТЕРВЈУ | ЉУПЧО КОЦЕВСКИ
Обвинителот Коцевски за обвинетите за убиството на Вања и Панче вели дека можат и да се премислат во судница, но фактите се дека тие ја откриле локацијата каде што беа закопани жртвите.

„27 АПРИЛ“
Иако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова најави дека ќе ги помилува осудените за ,,27 април”, сега пред прзникот Илинден, кога традиционално претседателот помилува, е тивко и сите се воздржани. Сепак, Сиљановска има „ас“ во ракавот.

„ПРЕТЕПАНО“ БЕБЕ
Сопругот на обвинетата медицинска сестра се појавил на врата кај директорот на Детска клиника и најавил тужба за сите стресови што ѝ се причинети на неговата сопруга, која е лажно обвинета за малтретирање тримесечно бебе, дознава „Фокус“.

АВТОБУСИ
Автобуската несреќа што се случи близу „Мавровка“, кога автобус на ЈСП Скопје се заби во жардиниера, ги загрижи скопјани во какви автобуси се возат? Се наметнува дилемата дали тие редовно и соодветно се сервисираат.

АТЕНТАТ ВРЗ ТРАМП
Само чудо го спаси Доналд Трамп од сигурна смрт, а тоа истото чудо можно е да доведе и до тектонски промени на балансот на моќ внатре во САД, што ќе се рефлектира и на целата состојба во светот. Многумина веќе слават дека тоа значи крај на војната во Украина.

КРЕДИТИ
Добивањето кредит од некој што добро те познава, ти ги знае сите слабости и мани, е своевиден комплимент. Никој подобро од пастирот не ги знае овците што треба да ги стриже.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
На љубопитноста што мислам за името „Нова Македонија“, доби инстант одговор, на кој и двајцата се изнасмеавме. Одговорив: ,,Тоа е име на весник“.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Предлогот на новата влада е АР и АНБ да се спојат во една централна безбедносно-разузнавачка служба, според моделот на СОВА во Словенија, СОА во Хрватска, БИА во Србија, ОСА-ОБА во БиХ и АНБ во Црна Гора.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Судиите, за жал, по толку време молк, единствената тема за која најдоа храброст, доблест и време да зборуваат им се платите!? Како да не разбираат дека законодавната и извршната власт на овој начин сакаат да им кажат „кој е газда во куќи“.