Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
МУРТО И КУРТО
Професионалноста треба да биде главниот критериум, а не партиската потчинетост. Инаку, како и досега, така и сега, со избирање директори од партиските списоци, не се менува ништо, туку станува Мурто за да седне Курто.
АСФАЛТНА БАЗА
Иако во Визбегово и околината функционираат десетина асфалтни и бетонски бази, објекти за камен, па дури и диви депонии, локални стопанственици и жители одлучија да реагираат против последниот обид за изградба на асфалтна база. До какви податоци и сознанија дојдовме?
ИНТЕРВЈУ – ПАНЧЕ ТОШКОВСКИ
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во интервју за ,,Фокус”, најавува неселективна и вистинска борба против криминалот,одговорност со име и презиме, а не „бркање вештерки“.
НОВИ ДИРЕКТОРИ
Во моментов се именувани директори на речиси сите поважни институции во државата, а од имињата што досега излегоа во јавноста, може да се забележи дека станува збор за луѓе блиски до Мицкоски, членови на извршен комитет и претседатели на општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ.
ПРУГА КОН БУГАРИЈА
Пругата кон Бугарија, која е дел од Коридор 8, почна да се гради во 1994 година. По неколку прекини, изградбата зеде замав во 2022 година, а 89 километри пруга треба да бидат изградени до 2027 година. Како што стојат работите во моментов, пругата ќе чини 560 милиони евра.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Името „Република Нова Македонија“ му изгледаше како добар компромис за двете страни. Република Грција би го користела старото име Македонија, а Република Нова Македонија би се легитимирала како нова држава што произлегла од Југославија.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Мотото на Македончето е „Земи ми сѐ, само остај ми го чаламот“. Подразбира живеење во супстандардни услови и на рабуш, а правење свадба со 300 гости. Заработување 400 евра, а трошење горе-долу 1.000. Е, како бе?
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Време е судски и обвинителски великодостојници да бидат барем малку достоинствени и „машки“ да ги понесат последиците од сопствената неодговорност, солидарност, нерешителност, кукавичлак, криминал, корупција…