1500

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ПРАВДА ПО НАРАЧКА
Политичките апсења се со краток век и само гол популизам. Тие секако ќе останат недокажани, а уапсените ќе станат жртви, иако имало сериозни сомнежи и докази за криминал за нив.

ЛИДЕРИ МИЛИОНЕРИ
„Фокус“ ѕирна во имотот на дел од партиските лидери, од кои дел се јавни милионери, а дел лажни сиромаси. Што откриваат анкетните листови?

РЕГРУТАЦИЈА НА МИНИСТРИ
Ако своевремено Груевски се опкружи со луѓе со кои претходно соработувал во Министерството за финансии, Мицкоски се опкружи со некогашни соработници од АД ЕСМ (ЕЛЕМ). Сепак, најголемиот круг на негови соработници се кадри со корени во ВМРО-ДПМНЕ, чиј заеднички именител е тоа што беа во втор план во време на Груевски.

ВЕТИНГ НА УНИВЕРЗИТЕТИТЕ
Јаневска најави ревизија на програмите во основното образование, проверка на факултетите и Национална консензуална стратегија. Во меѓувреме, јавноста бара контрола врз универзитетите, а синдикатот повисоки плати и нов колективен договор.

СТЕРИЛИЗАЦИЈА
Пред речиси 5 години, односно во декември 2019 година, Министерството за здравство распиша тендер на кој учествуваа две странски компании, а договорот го доби група економски оператори – конзорциум. Ако малку се прочепкаат странските фирми, случајно или не, се совпаѓаат со одредени фирми под истрага во Албанија.

ЛУКСУЗ
Ако лидерот ужива во луксузот тајно, додека народот трпи за леб, тогаш бесот на граѓаните кон него ќе биде уште поголем кога ќе излезе на виделина таа хипокризија. Проблемот не е во луксузот, туку во криењето на луксузот.

ДЕБАТА НАД ДЕБАТИТЕ
Дебатата потврди дека американското општество е тотално поларизирано и дека изборите во ноември ќе бидат своевиден референдум, не само за иднината на САД, туку и за судбината на остатокот од светот.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Војните во поранешна Југославија, имено, секојдневно се разгоруваа. Кон крајот на 1991 година, Европската заедница сѐ повеќе стануваше свесна за важноста на воениот елемент во враќањето на мирот.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Анкетар застанува минувач и го прашува што би правел доколку би добил лото? Без трошка размислување, одговорил дека би платил за работно место во државна институција, за да си одлежи на „државни јасли“, па Господ да го види!

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Време е од толку многу министри и вработени во Владата, да се определи барем еден човек или сектор што ќе биде задолжен да направи евиденција во какви и во кои сѐ проекти се вложуваат парите на граѓаните.