Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЛОПАТИ
Мицкоски веднаш се фати за лопатата, па се надеваме нема да продолжи таму каде што застана Груевски и да нѐ врати на неговиот стил на владеење, придружено со заплашување, уништување и затворање неистомисленици, тужби, без право на глас…
РАЗРЕШУВАЊА
По смената на власта се поставува прашањето дали ќе има предвремена смена на државниот обвинител, на првиот човек во регулаторот за енергетика, на директорот на разузнавачката агенција, на претседателката на антимонополската комисија…
ОДМАЗДА
Мицкоски се заканува со чешлање на работата на обвинителите, обвинувајќи ги за незаконско работење. Но мотивот за одмаздата не се крие во солидарност за неговите обвинети и осудени сопартијци, туку во имотот на партијата.
ВЛАДИНА ПРОГРАМА
Сублимирано, во владината програма се содржани навистина добри, потребни и реално остварливи проекти, но не е оставен простор и алтернатива за она полошото сценарио, ако државата мора да се справува со кризни ситуации.
КОНЦЕСИИ
За експлоатација на песок, мермер и вода, државата заработила 40,2 милиони евра од 2018 до 2022 година. Ревизорите откриле дека начинот на пресметка на наплатата не е по реални пазарни цени, се доцнело со уплатите, а често се копало и надвор од дозволата.
НЕПРИЈАТЕЛИ
За власта не е лошо да има силна опозиција, која жестоко ќе ја напаѓа, а не е лошо и да е во студена релација со влијателните странски фактори. Напротив, од имањето непријатели може да црпи многу корист владејачката партија.
СТОЈАН АНДОВ
Андов многу години беше и колумнист на неделникот „Фокус“. На преминот од 2022 кон 2023 година, тој ги објави последните 3 колумни, во кои даваше предлози како да се дојде до подобар Устав, како да се подобри државната администрација, како да се спречат злоупотреби на јавните пари…
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Македонија не е да стане некаква стутулена, ксенофобична, балканска државичка, стисната меѓу нашите планини и ридови, исплашена од големиот свет. Напротив, треба широко да ги отвориме прозорците за нови свежи ветрови.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Поради вековната потчинетост под туѓ јарем, менталитетот и карактерот бавно се менувале. Чемерот и јадовите се таложеле во колективното паметење, па современите Македонци никогаш не научија да ја преземат одговорноста за себе и секогаш некој друг им е виновен.
Ана ПАНОВСКА
А, Мицкоски веќе омекна, ќе го употребувал уставното име Република Северна Македонија, но ќе се срамел од срамната придавка „Северна“. А мене северот отсекогаш некако ми бил синоним за нешто напредно, богато, организирано и успешно.