1498

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

СУДИР СО СВЕТОТ
За разлика од Ковачевски, кој се крстеше во меѓународната заедница, Мицкоски сфати дека „странците“ нема да му помогнат да дојде на власт, туку тоа може да го стори со масовна поддршка од граѓаните. Но, треба да видиме дали тој ќе успее да најде баланс меѓу дома (граѓани/гласачи) и надвор (меѓународна заедница/стратешки партнери).

МИЛИЈАРДАТА ОД УНГАРИЈА
„Фокус“ дознава дека финансискиот пакет од една милијарда евра ќе пристигне од државна банка од Унгарија, со поволна каматна стапка од три отсто. Со овие средства, владата не планира да го намалува јавниот долг.

ВМРО ТРЕТ ПАТ
Ниеден досегашен премиер на ВМРО-ДПМНЕ немал мерка ниту во меѓуетничките прашања, ниту во односите со меѓународниот фактор, и тоа неколкупати ја довело државата до работ на бездна. Да видиме колку Мицкоски научил од неговите претходници.

МИНИСТРИ
Повеќето од новите министри се со искуство во политиката, но има и четворица ,,падобранци”. Меѓу новите функционери има и такви кои имале соработка и со ,,озогласениот” поранешен лидер на партијата, Груевски.

ХИРУРШКИ ХОРОР
На Детска хирургија се расипал компресорот за време на операција на дете, со што настанала паника, па било шетано од една во друга операциона сала. Сличен случај имало и на Абдоменална хирургија, кога бил опериран пациент со карцином.

ГЛОМАЗНА ВЛАДА
Со новата влада Македонија доби и четири министерства плус, двајца вицепремиери плус, односно новата влада ќе брои вкупно 24 членови заедно со новиот премиер. Новите министерства ги смисли токму мандатарот кој најавува намалување на администрацијата.

КАДРОВСКО РЕЦИКЛИРАЊЕ
Семејство во кое има четири полнолетни члена и кое живее во куќа од сто квадратни метри и плаќа по 320 денари месечно ѓубрарина, или 80 денари по гласач месечно за отстранување обичен отпад, од сега, па во следната година ќе плаќа и по два денари месечно за отстранување на политичкиот отпад. А политичкиот отпад е многу поштетен од обичниот, што значи дека ова е одлична заштеда!

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Темпото со кое поодделните земји ќе се движат кон Европа нужно ќе биде различно, но доколку завладее политиката на заемна доверба, би можеле да си помогнеме во европската насока.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Општеството „огугла“ на апашлук и рушвет. За тоа сведочат секојдневните афери на „криминалот во бели крагни“ и системската корупција, против кои надлежните седум институции имаа учинок нула!

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Разочараноста од празните и лажни ветувања, не да е голема, туку е безнадежна. Кој како ќе дојде на власт ветува просперитет, преродби, напредок, правда, итн., а на крајот завршува до гуша во криминал и корупција.