1497

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

МЛЕКО И КЕКСИ
Штом претставата на сред село заврши и завесата се спушти, закрвавените политички актери, си подадоа рака во Собранието. Иако до вчера не сакаа со очи да се видат, сепак ДУИ му учини на ВМРО-ДПМНЕ.

БИЗНИС ИМПЕРИЈА
„Фокус“ неодамна пишуваше за фирмата „Титан Моторс“, во сопственост на Ванчо Јовановски, татко на скопската градоначалничка Данела Арсовска, додека втор содружник е штипскиот бизнисмен Ацо Николовски. Новите проверки што ги извршивме покажуваат дека Николовски поседува уште неколку компании во земјава, но исто така и во соседството, поточно во Србија, Бугарија и Грција.

КРИМИНАЛЦИ ВО ГРЧЕЦ
Никој веќе не спомнува дека полицајци, судии и обвинители соработувале со групата во Грчец. Истрагата се приближува кон рокот од шест месеци, но најверојатно ќе заврши само со обвинение за петмината кои се во притвор.

ИНТЕРВЈУ | ВЕНКО ФИЛИПЧЕ
Мора конечно да ги надминеме внатрешните поделби и да работиме заедно кон заеднички цели. Единството и солидарноста се од суштинско значење за нашиот успех, вели Филипче.

ИЗБОРИ ВО ЕУ
Позитивните одлуки за Молдавија и Украина, но уште поважно – следната одлука за Црна Гора, се јасен показател дека актуелното раководство на ЕК во заминување конечно се реши да ја воведе долгонајавуваната брза трака кон ЕУ.

ПОМАЛКУ ИЛИ ПОВЕЌЕ
Ако за парламентот трошиме по 5 милиони евра годишно, и да функционира, и да не функционира како што треба, големо чудо. Но ако трошиме по 15 милиони годишно, има да очекуваме за таа пара да покажат пратениците квалитет!

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Подрипнува и вели дека ние не велиме „Тесалоники“ туку „Солун“. Но, јас велам „Тесалоники“. Куса пауза. Ме загледува. Потоа, брз поглед на часовникот на раката и коментар „Доцнам, морам да одам…“ и Андонис Самарас исчезна.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
За промена на грдата реалност и трансформирање на Македонија во успешна приказна, премиерот мора да ги примени новите правила на игра и да опстои на програмските ветувања.

Ана ПАНОВСКА
Иако сега не се знае точно дали ВМРО-ДПМНЕ направило моментална, привремена или трајна коалиција со старите другари од ДУИ, сепак наскоро ќе излезе на виделина за што точно се работи.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Историјата и праксата покажуваат дека која било држава со така скромни економски, финансиски и човечки потенцијали не може да биде доволна сама за себе и да опстојува, а уште помалку да се развива.