1496

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ВИСТИНАТА ЗА ЗЛОСТОРОТ
Коцевски може да апелира медиумите да не шпекулираат и да не објавуваат непроверени информации за грозоморниот случај. Но, не може да и забрани на јавноста да ја има целосната слика за убиството на младата Вања.

ВЛАДЕЕЊЕТО НА АРСОВСКА
Наместо нови булевари, кружни текови и зелени зони, наместо нова гимназија во Аеродром, Универзална сала и Скопски саем, наместо многу други ветувања кои звучеа убаво, скопјани добија прекинат и нередовен автобуски превоз, ѓубре и смет на секој чекор, општ хаос и безредие.

УСТАВЕН СУД
За влакно беше избегната уставна криза, откако по шест дена натегање, сепак беше избран нов претседател на Уставниот суд. Од првичните фаворитки, победата сепак ја однесе судијата Дарко Костадиновски.

ЛЕВИЦАТА
„Фокус“ прави ретроспектива на конфликтите меѓу сите авторитети во левицата, КПМ, СДСМ, почнувајќи од Шарло и Колишевски, преку Гошев и Црвенковски, до Заев и Ковачевски.

ИНТЕРВЈУ – ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ
СДСМ ќе гради свој однос кон власта врз база на принципи и на програма. Ќе бидам јасен – сето она што власта ќе го понуди, а се совпаѓа со нашата програма, ние ќе го поддржиме, вели Деспотовски.

ПОЛИТИЧКИ ТРИКОВИ
Најмногу се омразени оние кои трикот цело време го знаат, тоа се оние што шуруваат со сите релевантни партии. Никој, пак, не ги осудува тие што никогаш не го сфаќаат трикот, оние луѓе кои искрено веруваат во чесните намери на партиските лидери и лојално ги следат и во добро, и во зло.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
На крајот од февруари 1992 година, претседателот Глигоров постигнува договор со генералот Аџиќ за повлекување на ЈНА од Македонија. Се случи и првата официјална посета на странска делегација на новата суверена држава.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Останува само надежта дека „Алфа поколението“ на внукот Максим нема да дозволи да се образова и воспитува во зомби, некритички прифаќајќи ги неолибералните „вредности“. Поколение што нема да биде рамнодушна партиска клиентела.

Ана ПАНОВСКА
Бракови има секакви, повеќето се од љубов, барем на почетокот, па потоа имаш принудни бракови, дете па брак, па бракови договорени меѓу две фамилии, па имаш бракови од користољубие и, се разбира, бракови од интерес. Таков брак Македонија склучи со НАТО и добро направи.