Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
КАРДИОХИРУРГИЈА
Иако министерот тврдеше дека нема да го разреши Шокаровски, сепак очигледно извештајот му пресуди. Што се случи во меѓувреме, не знаеме, ама јасно е дека внатре се кријат доста тајни и скандали на клиниката.
ИДРИЗОВО
На палењето на возилото на директорот на ,,Идризово”,му претходеше преместување на петмина затвореници од скопското подземје во затворите во Прилеп и Штип. Но, по неколку инциденти, повторно беа вратени назад.
ДУИ ВО ОПОЗИЦИЈА
Напуштањето на конституитивната седница од страна на т.н. Европски фронт, и пред се, молкот на претставниците на ДУИ, го отвори прашањето дали „интегративците“ мирно ќе заминат од власта и ќе се реформираат во опозиција? Или, пак, ќе се радикализираат?
ПОСТИЗБОРНИ АПСЕЊА
По смената на власта се прогнозира со афера која ќе стави зад решетки голем број делители на правда со лепливи раце, но и корумпирани досегашни функционери. Најави има, ама засега далеку од реализација.
СРЕБРЕНИЦА
Невозможно е да се очекува Србите и Бошњаците кога било да имаат усогласен став за крвав настан од толкави размери. Но, проблемот е што непотребно се реактуализира оваа тема цели 3 децении подоцна.
КАДРОВСКИ УТКИ
Кога гледаш дека на некои раководни места се поставуваат комплетни идиоти, кои дури не ни кријат дека се посветени на корупција и непотизам, во однос на нив, дури и сосема просечно способни и просечно чесни кадри ќе ти изгледаат како зрак на надеж.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Во македонски интерес беше да сопре војната и сите конфликтни ситуации меѓу републиките и во нив да се решат на конференциската маса. Оттаму и отпорот кон словенечкиот и хрватскиот став, подеднакво како и кон српскиот.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Гордата претседателка положи венец без име на државата на спомен плочата на светите браќа Кирил и Методиј. Венец без име на државата положи и на гробот на Свети Кирил! Толку ли траеше лажниот чалам македонски? Јаз’к!
Ана ПАНОВСКА
Нема друг одговор, туку дека на оваа групација ѝ е потребен „самарот“ за да продолжат да удираат по него без да бидат повредени. Знаат тие добро дека не смеат да удрат по коњот.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
За да се има каков било резултат и успех во борбата против (а не за) криминалот и корупцијата, потребна е „свежа крв“ на чело на Државното јавно обвинителство.