1494

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЛЕГИТИМИТЕТ
Придонесот на „помалите“ албански и неалбански партнери на ДУИ во Европскиот фронт е голем, па дури можеби и клучен за предноста на овој фронт пред ВЛЕН. Арно ама, треба да се истакне дека ДУИ самостојно на претходните парламентарни избори освои помалку гласови отколку што освои ВЛЕН на овие избори.

КАРДИОХИРУРГИЈА
„Фокус“ дојде до документи од системот „Мој термин“, кои за неколку месеци ја покажуваат смртноста на скопската Клиника за кардиохирургија. само во рок од 3 месеци, од вкупно оперирани 31, починале дури 14 пациенти!

ПАДОТ НА НЕДОПИРЛИВИТЕ
Судијата Георгиев заврши во притвор, а членот на Советот на јавни Обвинители Мемети се спаси од Шутка. Иако и двајцата ги следеа низа контроверзии досега ниту една институција не им најде дамка во нивната работа. Фатени беа по смената на власта, со приказна од институциите која има многу логични дупки.

КУФЕРОТ НА ПАЛЕВСКИ
Недостига уште само последната алка, со која треба да се заокружи одговорноста на осомничениот егзекутор Палевски. „Фокус“ дознава дека во личниот багаж со кој беше екстрадиран од Турција имал и мобилен. Имал и мемориски картички и дискови, па сега сомнежот е дали на нив можеби имал „бомби“?

ИРАН
Политичката сила ќе ја измерат стариот и болен ајатолах Али Хамнеи и разни фракции на моќ од Техеран, кои ќе сакаат свој човек во претседателската палата. Но, речиси сите се децидни дека сѐ уште не е дојдено времето кога ваков настан може да го загрози опстанокот на Исламската џамахирија.

ЈАСТРЕБ ИЛИ КУКАВИЦА
На секоја власт вистинската опозиција секогаш ѝ е народот. Ако народот го сфати тоа, ако секогаш гледа со отворени очи на тоа што го прават, ако не заборава кои политичари го оставиле на цедило, тогаш и народот може да види некое фајде од бенефитите на опозиционерството.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Со авиончето на владата пративме човек лично да го однесе прашалникот и документите на наведената адреса на Арбитражната комисија во Париз. Заборавете ги тие приказни од историјата. Не, Македонија не задоцни!

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Парадигма за стигматизирање на стрчењето во криво насадената Македонија е негативната кадровска селекција во изминатите триесет и кусур години. Ваквиот медиокритетски кадровски систем го практикуваа сите три статус кво партии.

Ана ПАНОВСКА
Дали некогаш ќе се разбуди СДСМ од нокаутот што го доби од граѓаните сега не е ни битно. Сигурно ќе помине барем една деценија во зашеметеност. Белки за тоа време ВМРО-ДПМНЕ нема повторно да предизвика некои нови меѓуетнички судири.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Вкупната сума на „чесно“ заработени пари од „противправното посредување“ со судски процеси се проценува на четири до пет милиони евра. Искрено кажано, тоа и не се многу пари, ако се знае дека во судско-обвинителскиот бизнис се вртат многу поголеми пари од овие.