Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
КУЧИЊА НА ПРОПАГАНДАТА
Еден докажан криминалец со тапија, своевремено осуден за финансиски малверзации, заедно со еден поранешен бриселски дописник на буџетски товар, плетат разни конструкции и ги пласираат по социјалните мрежи, обидувајќи се да лагите и измислиците да ги продадат како апсолутна вистина. Една таква приказна, овие криминалци, мешетари и кучиња на пропагандата измислија и за мене…
ИЗБОРИ
Над 10 милиони евра буџетски пари ќе се издвојат за да им се дадат на партиите за политичко рекламирање. Годинава ќе добијат двојно пари повеќе, но ќе има и двојна кампања и за претседателските и за парламентарните избори.
ХАШКИ СЛУЧАИ
Советот на Европа не потсетува дека не сме ја испорачале правдата за Хашките случаи. Уставниот суд треба да пресече дали ќе го поништи автентичното толкување кое од кривичен прогон го спаси раководството на ДУИ.
МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА
Апаратите оддамна стигнаа, ама по цели 14 години поголемиот дел од нив, платени со милионски суми, се расипуваат во магацините. Според нашите информации, повеќе од 200 медицински апарати откако пристигнаа не биле ставени во функција.
СИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ТРКИ
Без разлика што кај народот е врежано верувањето дека нашиот претседател е само „англиска кралица“, политичката ретроспектива на сите претседателски трки досега покажува директна корелација меѓу нивните резултати и перформансите на политичките партии во периодот што следува.
ПОЛИТИЧКА РЕПРИЗА
Дали судирот помеѓу Стево и Гога ќе биде нашето Ел класико, нашето вечно дерби, спектакл што ќе привлече многу публика, т.е. многу гласачи да излезат и да гласаат (своевидно Ел глас-ико) на претседателските избори?
КАРДИГАН – ЏЕМПЕР ОД ВИСОКАТА МОДА
Кардиганот спаѓа во плетена облека, отворен во предниот дел, кој може да биде рачно сплетен или на машина. Може да се носи закопчан или откопчан, зависи што се носи под него.
СТРУМИЧКИ КАРНЕВАЛ
Околу значењето на карневалот, кој е еден од најстарите обичаи и традиции од таков вид во земјава, разговаравме со струмичкиот етнолог Илија Сувариев.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Крвавите етнички војни како да ја потврдија аргументацијата на реалистите дека силата, а не правото е тоа што одлучува во односите меѓу народите.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Поради поданичката стратегија „Наведната глава сабја не сече“, Македонија по 32 години „самостојност“, наместо во Брисел, стигна и стои на првата спирка Софија. Kарма не е судбина, туку дејствување со свој камен по своја глава!
Ана ПАНОВСКА
Во овој предизборен период, на државава најмалку ѝ се потребни вакви замешателства однадвор. Зашто не треба многу за да се пројават секакви душегрижници од соседствата, кои едвај чекаат некој да им отвори врата.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Иако сите партии сакаат овие избори да ги претстават како пресудни, никоја од нив нема направено реално истражување за приоритетите од потребите и интереситешто во овој момент се актуелни кај најголемиот дел од граѓаните.
Фатмир БИТИЌИ
Со консензус меѓу власта и опозицијата во Собранието и нејзиното изгласување со речиси двотретинско мнозинство, односно со 78 гласа „за“, НРС прерасна во доказ за тоа дека и во поларизирани политички средини, соработка и компромис се можни за поголемо добро на граѓаните.