Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЗАЛОЖНИШТВО
Издавањето е проблем, сликањето уште поголем. МВР мака мачи да обезбеди образец плус за пасош. Рекордите на заменети пасоши, кои достигнуваат и над 170.000 патни исправи за месеците декември-јануари, не може да ги следи фирмата што го добила тендерот за изработка на обрасци.
ДОМИНО-ЕФЕКТ
Кандидатурата на Таравари ја принуди и ДУИ да исфрли претседателски кандидат. Штом ДУИ прави ваков чекор наместо да застане зад кандидатот на СДСМ, паѓа во вода и можноста за формирање на предизборна коалиција меѓу ДУИ, СДСМ, делот на АА околу Села. Сето ова му оди во прилог на ВМРО-ДПМНЕ.
„ФОКУС“ ВО ГРЧЕЦ
Веста дека е сузбиена криминална група од Грчец на чело со нарко-босот Шеваљ Муареми, која шверцувала кокаин од Колумбија, Боливија, Еквадор, Бразил, Перу и од други латино-американски држави во Европа, а црните пари ги перела и преку недвижности во Македонија, повторно го сврте вниманието кон скопското село, кое со години важи за упориште на нарко-босовите.
ЗГРАДАТА НА ССМ
По 65 години владеење, Сојузот на синдикатите е на чекор од губење на своето седиште во центарот на Скопје. Облакодерот од 15 ката е голем плен за државата, која се суди со Синдикатот уште од 2005 година.
ТАЛИР 2
Одлуката на Апелација за ,,Талир 2” во пракса ја отслика штетноста на законските измени на КЗ. Функционерите отсега слободно можат да ја злоупотребуваат службената положба и овластување со искористување. Тоа повеќе не се смета за незаконито дејствие.
МИНИСТРИ БЕЗ РЕСОР
Просто е неразбирливо како Мицкоски, кој го има личното искуство со Данела Арсовска, која тој ја направи градоначалник на Скопје, да не гледа дека утре кога ќе има пет-шест мегаминистри во неговата влада, секој од нив ќе може да стане нова Данела, која ќе му задава главоболки.
СТРУМИЧКИ КАРНЕВАЛ
Некои од струмичките градоначалници, за време на карневалот, се истакнале со свои уникатни карневалски маски и се приклучиле на традиционалната прослава на настанот, и нивниот карневалски избор секогаш го привлекувал вниманието на јавноста.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Документот беше објавен од нашето МНР во август 1991 година и стана официјален документ на нашата самостојна држава во битката за меѓународно признавање.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Повеќе од една третина од народот остана без патни исправи. Горди и повластени останаа само Македонците со български паспорти и самосъзнание, кои имаат право на слободно движење.
Ана ПАНОВСКА
Медиумите веќе го избраа победникот на следните избори. Со апетит и со пиетет веќе се поклонуваат доземи пред Мицкоски. Со страст и ангажирано, отворено зедоа страна против СДСМ.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Поважно од етничката припадност се личните карактеристики на поединецот што се кандидира за претседател на државата. Ама не! Партиите и нивните „лидери“, таквите вредности не ги интересираат и не допираат до нив.
Стефан БОГОЕВ
Откако лани удрија во Аеродром и во Ново Лисиче со огромни станбени блокови, сега, ДПМНЕ напаѓа на другата страна на градот, во Ѓорче Петров. И тоа замислете, со згради од над 60 метри и илјадници нови жители и исто толку нови возила.