1480

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ДРЖАВЕН ПРИТВОР
Ако не друго, сега е вистинското време за воскреснување на кампањата на Груевски, „Запознај ја Македонија“. Ете дојде денот кога ќе се исплатат илјадниците евра, кои тогаш ни се чинеа испрани пари. И пак некој нека рече дека не бил визионер и пред времето!

ПОД ЛУПА
Македонскиот олимписки комитет на чело со Даниел Димевски ја земал под закуп салата „Јане Сандански“ од рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, кој го препуштил спортскиот комплекс проценет на 30 милиони евра на период од 26 години за нецели 50 илјади евра, иако стопанисувањето со салата донело приливи од 325.000 евра за една година.

ИНТЕРВЈУ – ТИМЧО МУЦУНСКИ
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Муцунски, ги потврди свои познати ставови за лојалност кон НАТО и ЕУ, но истовремено потенцираше дека нашата држава е самостоен, суверен, независен и рамноправен меѓународен субјект и дека партијата ќе продолжи да ги следи овие принципи.

РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ
Обвинителството и судовите и сега може да поведат постапки и да изречат мерки за функционерите и бизнисмените кои САД ги прогласи за перосна нон-грата. Власта пак предлага измени на закон за коишто речиси цела правна фела е „против“.

МИСТЕРИОЗНИОТ КУМ
Првиот венчален кум на Груевски, Ристо Новачевски иако играше клучна улога во „Плацови на Водно“, сепак со тоа што го издаде својот кумашин се спаси со условна казна. Тој е мистериозен лик, кој цело време бил во позадина на сите случувања, но сепак никој не го знае неговиот лик, освен неговите дела.

НАДВОРЕШНИ ВЛИЈАНИЈА
Според Вучиќ, независноста на Македонија ја брани Али Ахмети додека одолева на нападите на Албин Курти, па логично ако во идната власт по изборите не се најде ДУИ, тоа ќе биде – предавство на државата?! Ете до кои апсурди стасавме.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
„Корисен идиот“, го нарекоа луѓето од неговата фела. Нема сомнение дека кај домашната руска публика, која е подеднакво „зависник“ од историјата, како и Путин, неговото интервју ќе наиде на одобрување, но за западните гледачи, ќе биде здодевно.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Човеци кои воопшто не се експонираат, не отскокнуваат, никогаш не брануваат, за ништо не се изјаснуваат или јасно и недвосмислено не се определуваат. Едноставно, стадо што не размислува и не поставува никакви прашања. „Мртви пувала“!

Ана ПАНОВСКА
А, власта немоќна, збунета, неспособна. Си дремеше цели пет години, како и таа да се надевала дека ако се тегне и одолжува работата докрај, до последниот момент во врска со промената на личните документи, можеби нешто и ќе се случи. Што, пак, да не?

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Се живее по навика. Во исчекување на работите да се средат сами од себе. Тие што немаат трпение да живеат во оваа смрдеа, секојдневно си одат. Надеж!? Е, да сме на јасно! Надеж нема!

Перо КОСТАДИНОВ
Имаме сè, но во основа не поседуваме ништо. Затоа што над нашите глави стои долг, кој ни се насмевнува и се восхитува на нашата површност. Фрустрацијата и зависта стануваат наша реалност, чувствуваме завидливост кон другите што имаат повеќе од нас.