Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ПАРИЧКАТА КАЈ МИЈАЛКОВ
Но, можеби и Мијалков е изненаден. Дуриможе и да се оправда дека тој не знае дека неговиот постар син ги купил трите луксузни стана на Водно. Како што на времето пратеничката Бона Силванева „не е знајала“ дека синовите ѝ купиле станови во Скопје. Штеделе децата!
АЛИЈАНСА НА ФИРМИ ОКОЛУ ТАРАВАРИ
„Хана Дизајн“, подоцна преименувана во „Лев Гроуп“, основана и поседувана од активисти на АА, одеднаш почнала да добива тендери од Општина Гостивар, гостиварски „Комуналец“ и други јавни органи, исто како и „Арт Линеа Дизајн“, која, пак, соработувала со градежната „Леарт Проект“ во сопственост на Лирим Таравари, братучед на Арбен Таравари.
ХАОС ВО БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА
Лани, оваа болница ја „сардисаа“ бројни смртни случаи, а директори се менуваат речиси на секоја година. Инспектори на ДСЗИ влегоа неколкупати, а за починатото бебе се води и предмет во обвинителството. На листата на контроверзии се и пијани доктори, болничари и медицински сестри…
АНОНИМУСИ
Адвокатка која била разрешена од Советот на јавни обвинители стана негов член, истакнати правници без ден обвинителски стаж се дел од членовите на најмоќното обвинителско тело кое избира и разрешува обвинители.
ПРОБИВАЊЕ РОКОВИ
Ако сите се согласни дека рокот треба да продолжи, зошто едноставно не се продолжи без премногу муабети? Да не треба и рок-концерт да се одржи со цел да се постигне тоа? А и да треба, каков ќе биде тој рокерски спектакл под наслов „Рокот мора да (се) продолжи“.
АЛБИН КУРТИ
Директно инволвирање на косовскиот премиер во рамки на албанската опозиција од Македонија е голем чекор кон конечно загрозување на супрематот на ДУИ на домашната политичка сцена.
„САМО УБИСТВА ВО ЗГРАДАТА“
Оваа серија не претендира да открива сериозни злосторства. Едноставно тројцата љубопитни ликови од зградата ги набљудуваат соседите, ги бараат доказите и мотивите и на крајот го решаваат убиството.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Без вистинска аргументација, највисоките претставници на власта, владата и претседателот „аргументираа“ дека проширувањето на листата етнички заедници со Бугари, плус Хрвати, Евреи итн. не е „ништо страшно“.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Македонецот е единствениот кој самиот понизно се деградира во деминутивот „Македонче“. Нема и никогаш нема да има „Српче“, уште помалку „Црногорче“, не дај Боже, „the small American“ или „petit Francais“.
Ана ПАНОВСКА
Колку и да се залетани националистичкиве партии, јас, сепак, мислам дека ќе ја забошотат таа парола околу поништувањето или, поблаго речено, преиначувањето на договорите со соседите и со меѓународната заедница.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Политичкото „салто мортале“ настанува откако врз основа на такви приоди и ветувања за чесност, искоренување на криминалот и корупцијата, економската и социјална ефикасност во владеењето итн. ќе се освои власта. Тогаш преку ноќ се заборава на сите ветувања.
Стефан БОГОЕВ
Кога сме кај парламентарните, како се доближуваат изборите, така природно политичките блокови се делат на прозападен и проруски. Едниот предводен од СДСМ, вториот од ДПМНЕ. Но, интересно е овој пат дека поделби има и во самите партии и не само во овие, туку речиси во сите други, од сите етникуми, од сите големини.