Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ДРЖАВА БЕЗ НАРОД
Додека власта и опозицијата почнаа да го билдаат „проевропскиот“, односно „промакедонскиот“ наратив во пресрет на двојните избори, стигна поразителна демографска проекција, според која миграциите ќе го преполоват населението до 2070 година?! Всушност, многумина граѓани веќе се преселиле и интегрирале во ЕУ, без чекаат тоа да го направи државата. На крајот, ако не се освестиме, може да останеме територија без народ!
2023 – ГОДИНА НА КРИМИНАЛ И КОРУПЦИЈА
Во изминатите 12 месеци, „Фокус“ пишуваше за криминални случаи во здравството, за бизнис-операции на семејства на политичари и на олигарси што се најдоа на „црна листа“, за неуспешни кофнискации на нелегално стекнат имот, за трупање на имот од страна на блиски лица на јавни функционери, за спорни тендерски постапки и купопродажби на недвижен имот, за врските меѓу политиката и казино-бизнисот, за системски слабости при третманот на бездомници и затвореници… Како реагираа јавноста и надлежните институции?
ИЗБОРНА 2024 ГОДИНА
И едните и другите имаат прецизни стратегии за изборите во мај, на кои никој од нив не смее да изгуби. Проблемот е што на крај може да има само еден вистински победник, а губитникот во овој случај за првпат може да изгуби буквално сѐ. Па дури и правото на постоење.
ПРАВДАТА ВО РИКВЕРЦ
Нема правда, нема мир! Оваа парола и годинава ечеше на сите гласила. Неказнивоста, уште еднаш, по којзнае кој пат, блесна со највисок сјај. Политичарите си го стокмија законот по свое, а обичните смртници и понатаму двојно плаќаат.
ИЗБОР
Што ти е гајле дали ќе избереш добар или лош градоначалник, ако за три месеци можеш да го отповикаш и да пробаш со друг? Ама, ако си заглавен четири години со својот избор, ќе имаш мотив силно да внимаваш каков човек избираш.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Ако некоја партија сака да добие на избори, мора да внимава да не ја негира позицијата на националистите. И тука СДСМ „трајно“ загуби, а ВМРО-ДПМНЕ „трајно“ доби.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Мојата „Бејби-бум“ генерација, родена во периодот меѓу 1946 и 1964 година, можеби најсоодветно треба да се дефинира како „генерација со најголема среќа“. Таа е првата што порасна без војна.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Ако политичката изолација во однос на ЕУи дивеењето на криминалот и корупцијатаостанат повторно наше политичко и општествено секојдневие, тогаш воопшто не ќе има смисла да се живее и работи во „оваа држава“.
Сања ЛУКАРЕВСКА
На државата ѝ треба проевропска влада бидејќи, како што вели премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, огромно мнозинство од граѓаните сакаат држава-членка на ЕУ.