1472

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЕЛКО, ЕЛКО
Арсовска, на скопјани им нудеше концепт за модерно Скопје, а добија град, кој се срами дури од Крива Паланка. Патувајќи кон резервната татковина, подобро нека ги отвори очите и нека се загледа во ова гратче. Ќе види што значи новогодишен блесок и магија.

НОВ СКАНДАЛ
Дете се лекува во приватната болница „Систина“, кадешто неколкупати му е оперирано срцето. Тоа боледува од ретка болест, мускулна спинална атрофија, чие лекување може да се продолжи само на Детската клиника. Подоцна, обезбеден е неопходниот лек „рисдиплам“, кој чини вртоглави 120.000 долари, што подразбира зелено светло да даде Стручниот колегиум на клиниката од 15 члена. Но, тој заседавал 10 дена откако директорката испраќа допис до Комисијата за ретки болести.

СЛУЧАЈ „ТРАНСМЕТ
Сеад Кочан веќе излезе од затвор, а институциите сѐ уште не му го конфискуваа имотот. Низ годините беше обезвреднет, а дел се користеше и за приватен профит. ДКСК обелодени како најголем дел од имотот завршил кај „Пуцко петрол“, како дел бил продаден од банките, но ниту денар не е вратен во буџетот.

ИМОТ НА „ГРАНИТ“
АД „Гранит“ му продал деловен простор во Делчево на полициски инспектор, кој за 723 квадрати платил 43.500 евра. Но, кога купувачот требало да плати данок на промет на недвижности, општината го проценила овој имот на 156.000 евра, што е 3 и пол пати повеќе отколку договоренета купопродажна цена,  додека пазарната вредност е поголема и од проценетата.

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА
Александар Вучиќ продолжува да победува бидејќи е подеднакво добар и за САД и за Русија. Плус опозицијата сѐ уште не најде човек што ќе може да им гарантира на странските партнери контрола над ситуацијата. Но, сега кога е веќе очигледно дека политичките борби ќе се префрлат на улица, не е исклучено меѓу масите природно да се изроди некој сосема нов лидер.

ПОЛИТИКАТА КАКО ПАЗАР
Што ако е далеку помудро да имаме, не техничка влада сто дена пред избори, а пред тоа цел мандат да е нормална владата, туку обратно, цел мандат да е „техничка“, поточно широка коалициска владата, а само сто дена по изборите да може победникот на изборите да си владее самостојно?

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Како мислат сега, кога на светот му се заканува трета светска војна, да го рекреираат моментот кога на масата на Макрон, Шолц и Бајден ќе се најде нов во замена на францускиот предлог, еден Господ знае. Моментот кога тоа се случи, всушност, е неповторлив. Или сте се качиле, или возот заминал без вас. Овој декември, возот замина без нас.

Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Основните мотиви за доброволно партиско заложништво се клиентелизмот и статусот, кои се во исклучива функција на напредување во хиерархиската скала. Постои и трет механизам, глупоста и примитивизмот на „Македончето“, кои најлесно се воочуваат и препознаваат во неговата (анти)логика „Ако го притиснат газ дава, ако олабават газ бара“!

Ана ПАНОВСКА
Нашиве патриоти најдоа да ѝ завидуваат на Украина што преку ноќ ќе станела членка на ЕУ, а ние кутрите, и покрај сите отстапки, попуштања и понижувања не сме мрдале од место. Тоа ти е табиетот на тврдоглавото магаре што си се замислува дека е расен, полнокрвен коњ. Ниту гледа што се случува во светската геополитичка турбуленција ниту, пак, слуша како ѕвечка оружјето не многу далеку од нас.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Политичките партии, реално, не се ништо друго отколку политички организирани банди. Мафии во најбруталната смисла на зборот! Затоа, имај храброст, па живеј, работи и стопанисувај во „оваа држава“, во која заради алчност за власт и пари на сто, двесте, триста луѓе страдаат сите граѓани, но и државата во целост.

Мухамед ХАЛИЛИ
По сѐ изгледа, слаткоречивиот Глигоров повеќе уживаше во употребата на силата за решавање на внатрешните проблеми, отколку со дијалог. На прашањето на покојниот Трајковски како да постапува за решавање на кризата во 2001 година, Глигоров недвосмислено го советува: „Ова е класична окупација и работата треба да ѝ се препушти на Армијата…

Драган КОЛЧАКОВСКИ
По „Преспа“ договорот (2018 година) и изгласувањето на уставните амандмани, по речиси 2.200 години од „Пидна“, на меѓународната сцена во северниот дел на историската област Македонија, како легитимен, меѓународно признат политички субјект повторно се јавува држава со името Македонија.

Бисера СТОЈЧЕВСКА-КОСТАДИНОВСКА
За културата не е капитална инвестиција да изградите театар, чии темели се во вода. За културата не е капитална инвестиција да подигнете споменик, за кој немате храброст да го наречете по име. Ниту е капитална инвестиција „преслекувањето“ на минатото.