1471

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

МОРАЛНИ ,,ВЕЛИЧИНИ”
Не е правда да го кажеме сите нашето ценето мислење, не е правда и стопати да ги наречеме монструми. Не е правда ниту да ги носиме во суд осомничените со бричени глави.

ИНТЕРВЈУ – ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ
На 8-ми мај победник ќе биде кандидатот за претседател предложен од СДСМ и проевропската коалиција, а јас ќе бидам мандатарот на таа влада, со која во следниот мандат Македонија ќе биде земја-членка на ЕУ, вели премиерот Ковачевски во интервју за „Фокус“.

ИЗБОРИ ЗА ОБВИНИТЕЛ
Во трката за нов републички обвинител влегуваат тројца обвинители – Фетаи, Раичевиќ и Коцевски. Сепак, упатените велат дека има големи шанси огласот да пропадне, а изборот на нов републички обвинител да се остави по изборите.

ИСТРАГА ЗА ВАЊА
Има разни теории и конструкции околу убиството на Вања, но која е вистинската заднина и мотивите, ќе покаже истрагата. Освен суровата ликвидација на 14-годишното девојче, најшокантни се обвинувањата дека во грабнувањето е вмешан и таткото.

ЈАЗИЧЕ НА ВАГАТА
Кога народот ќе ѝ „пресуди“ на една власт и ќе ја испрати во опозиција, не треба потоа да посакува таа партија сосема да биде уништена. Токму таа партија ќе му биде многу потребна на народот, за со неа да ја спречи новата власт да забега.

ЏЕЗ И СОЛ
Овој бенд успеа да ги врати сите од салата во времето кога „Леб и сол“ беа популарни, не се симнуваа од ТВ екраните и беа, не само наш заштитен знак, туку на цела поранешна Југославија.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Ни стана лоша навика да чекаме други да ни ги решаваат споровите. Во тоа чекање може да настрадаме баш како што настрада Украина.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Психопатите се „волци во јагнешка кожа“. Навидум живеат вообичаено, освен што се кријат зад маската на нормалност. Не се свесни за својата болест, туку сметаат дека изгледаат нормално и така се однесуваат.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Нема „лидер“ и политичка партија што себеси не се претставува како „чесна“, одговорна, која води „грижа“ за граѓаните и за државата итн. Од самокритиката и одговорноста бегаат како ѓавол од темјан!

Фатмир БИТИЌИ
Мицкоски, без да се воздржува, разголувајќи ја својата авторитарна амбиција, го раскажува својот сон за неопределен, неограничен политички мандат, ослободен од нормативните стеги, во кои тој ментално ќе биде над Законот, над Уставот.