1470

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ВАМПИРИ
Фалат уште многу делчиња од грозоморната сложувалка, која нема да ни биде логична ниту кога ќе биде целосно склопена. Но, важно е да се состави за сите да го платат својот грев. А ваквиот грев се казнува со доживотен затвор!

МОНСТРУМИ
Пред две недели, вознемирена мајка на социјалните мрежи објави дека нејзината ќерка Вања Ѓорчевска не се појавила на училиште и дека се сомнева дека е киднапирана. Тоа беше почетниот тригер за официјално да почне потрагата…

ТЕНДЕРИ И ИНВЕСТИЦИИ
Додека тетовската „НБ-Компани “ го реализира договорот за внатрешно уредување на новиот културен дом во Тетово во вредност од 23 милиони евра, нејзината сестринска компанија „Ган-Логистик“ купила 2 бензиски станици при влез во Скопје за 7,5 милиони евра од „Пуцко Петрол“ и „БИ Холдинг“, кои по роднинска линија се поврзуваат со пратеникот од ДУИ Исмаил Јахоски.

ИНТЕРВЈУ – БИЛЈАНА ИВАНОВСКА
По пет години поминати на чело на ДКСК, претседателката Билјана Ивановска во интервју за „Фокус“ зборува за случаите што ги отворија за високи актуелни функционери, а кои заглавија во лавиринтот на институциите. Според неа, недостасува силен правосуден систем што ќе обезбеди казни.

САМИТ НА ОБСЕ
Русија се обиде да го прикаже настанот како место за тајни преговори по неуспехот на украинската контраофанзива, но Блинкен и Борел буквално, со бегство, во последен момент ги осуетија овие намери.

ИЛУЗИЈА НА КОНТРОЛАТА
За многу проблеми во животот и светот нема решение или ако го има, тоа е претерано сложено или тешко за реализација. Политичката моќ на многумина им изгледа како решение за сѐ.

ГАСТРОНОМИЈА НИЗ ПРИЗМАТА НА ХОЛИВУД
Многу уживатели на филмската уметност се сеќаваат на јадењата од некои од своите омилени филмови. Анимираниот „Рататуи“, „Џули и Џулија“, „Без резервации“, „Изгорен“, „Како вода за чоколадо“ и многу други.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Не дека ги поддржувам сите потези на македонската влада, но ќе гласам за нив зашто со Мицкоски опасно ќе заглавиме на меѓународен план. Ако не се согласите со нашиот француски предлог, тоа значи дека ѝ вртите грб на Америка, сакаше да каже О’ Брајан во интервјуто.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Повеќегодишната фама за фактичко дивеење на учк(ур)и ја објасни лидерот на ДУИ, со признанието дека „военото и политичко водство од 2001 година направило избор Албанците во Македонија да бидат државотворци и господари на сопствената држава“!

Ана ПАНОВСКА
Родителите, бабите, нашите деца, помали и поголеми, овојпат нека не се плашат повеќе од обично. Случајот со Вања е од затворен тип, нешто слично како страшно, семејно насилство што го има насекаде околу нас, но можеби не со ваков погубен крај.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Несфатливо е премиерот да тврди дека безбедносната состојба во државава е стабилна и добра, а во исто време да бидат киднапирани и убиени невини луѓе. Што е тука добро!?

Стефан БОГОЕВ
Нам очајно ни треба рестарт на општеството. Издигање на вистинските вредности на пиедестал, особено кај најмладите.