Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
„ПУКАМЕ“ ПО СИТЕ ШЕВОВИ
Во моментот додека го пишуваме текстот, девојчето сѐ уште не е пронајдено, родителите апелираат за помош, полицијата е ангажирана на сите страни. Се поставуваат безброј прашања.
КУЛТУРЕН ДОМ ВО ТЕТОВО
Откако Финансиската полиција ја истражуваше изградбата на новиот театар и библиотека во Тетово вредна 13 милиони евра, владата предвиде уште 23 милиони евра за внатрешно уредување на објектот, кои завршија кај тетовска компанија, чија конкуренција беше елиминирана. Што откри истражувањето на „Фокус“?
„ТАЛИР 2“
Ќе има ли јунак во „Судската палата“ што ќе му ја одземе „Белата палата“ на ВМРО-ДПМНЕ? Луксузот на партиското седиште може да заврши во рацете на граѓаните и да застари кривичното дело за обвинетите.
ИМОТОТ НА „НАЧАЛНИКОТ“
Продажбата на становите на Мијалков засега оди како алва, иако првично имаше дилеми дали некој воопшто ќе се осмели да го купи. Дали овој имот можеби повторно завршил во рацете на „фамилијата“ или, пак, добил нови реални сопственици?
,,ВОЕНИОТ ШЕНГЕН”
НАТО подготвува терен за брз транспорт на трупи од западот кон истокот на Европа, во време кога се покажа дека украинската армија дефинитивно не е во можност сама да се справи пред големиот предизвик на кој беше изложена.
ЌАР ОД САМИТИТЕ
Ако градот може да биде чист, мирен и безбеден за време на самитот, зошто да не може да биде чист, мирен и безбеден секој ден во годината? Зошто вонредните напори што власта ги вложува за да помине самитот во најдобар ред, да не се вложуваат постојано?
ДЕТАЛИТЕ
Стилистите советуваат дека деталите се многу важен дел од имиџот на секој човек, без разлика дали накитот ќе биде минималистички или, пак, ќе доминира во комбинацијата на облека.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Наративот на Кантарџиев за раѓањето на македонската нација, за луѓе учени половина век поинаку, беше премногу близок со бугарскиот. Така, само што почна пред дваесет години, од дебатата исчезна наративот на Катарџиев.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Не постои власт и опозиција во класична смисла. Сѐ е обична фарса на перфидна и дискретна коалиција. Функционираат во симбиоза како приватна корпорација, која здушно дејствува за разнебитување на македонизмот.
Ана ПАНОВСКА
Јазли од 1948 година, во времето на Информ-бирото и ден-денес нѐ глочкаат. Очигледно сѐ уште не го преболеле Титовото „НЕ“ за Сталин, Колишевското „НЕ“ за бугарофилите и партиското „НЕ“ за болшевиците.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Нам најмногу нѐ боли и ние сме тие што (ќе) ги трпат последиците од погрешните проценки и на нив погрешно заснованите политики на нашите „избрани и именувани“ лица.
Перо КОСТАДИНОВ
Несоодветното депонирање е еден од најголемите еколошки проблеми и остава големи последици за животната средина. Селекцијата и рециклирањето се најдобриот начин да се намали отпадот на депониите.