1464

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ПРАВДАТА НЕКА СЕ ИЗВРШИ
За првпат во историјата на државата, се случува амбасадор на друга држава да употреби толку „тешки“ зборови, со кои на површина ќе ја извади сета неправда, криминал и корупција низ годините.

ИСТРАЖУВАЊЕ НА „ФОКУС“
На главниот пат во скопско Визбегово се наоѓа казиното „Плеј 4 Вин“, кое официјално е дел од групацијата на „Стар“ казина на тетовската компанија „Гаминг Професионал“. Податоците што ги обезбедивме покажуваат дека на иста адреса каде е лоцирано ова казино се регистрирани повеќе фирми…

ТОПЛАНА ВО ЗАЛОЖНИШТВО
Контроверзниот Кастиљо ги сопре „вентилите“ за парно на Водно. Се работи за македонски бизнисмен со латиноамерикански линкови, но и со дузина кривични пријави.

НОВ ПАЗАР
На повидок е ново сценарио за амнестија на осудените за „27 април“. Дали на овој начин власта сака да го зголеми расколот меѓу „груевци“ и поддржувачите на Мицкоски? А притоа пред странците да пласира изговор дека така ќе се обезбедат 80 пратеници за уставните измени?

ОТПОР И ПОДЕЛБИ
Никој не се сомнева дека, и покрај блокадата во Конгресот, Бајден и неговите соработници ќе најдат начин и понатаму да доставуваат воена помош и до Украина, и до Израел, па и до Тајван, ако веќе работите одат до таму. Но, економската наука е немилосрдна.

СТРАВ ОД ШОПИНГ-ЦЕНТРИ
На некој начин градењето молови, а не фабрики, е јасен сигнал од бизнисот до народот, дека власта што тој народ ја избрал, сѐ уште не е способна да обезбеди поволна инвестициска клима за градење нови фабрики. Тоа е бенефит, и народот не треба да го мрази сигналот, туку состојбата за која сигналот е показател.

НОВ АЛБУМ НА „РОЛИНГ СТОУНС“
На 80-годишна возраст, Мик Џегер и Кит Ричардс, заедно со другите членови на својот бенд „Ролинг стоунс“, издадоа нов албум, кој излезе само пред неколку дена, поточно на 20 октомври, со назив „Hackney diamonds“.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Тероризмот на радикалните Палестинци може да ги предизвика искрите на регионален, па и на глобален конфликт. Но, тероризмот е само метод. Од него секој се брани, но вистинската борба против тероризмот е да се елиминираат причините: во случајов, неправдата врз Палестинците.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Проклето беше во право холандскиот амбасадор, кога кажа дека Недојдијава не е нормална демократска и правна држава. Впрочем, научно е докажано дека 3 до 5 отсто од населението во светот не e токму. По таа логика, во прекрстената држава би требало да има околу 65 до 70 илјади човеци што не се со сите, а во главниот град, бројката на кои „им фали даска“ би била меѓу 25 и 30 илјади.

Ана ПАНОВСКА
ВМРО историски нема добиено ниедна успешна борба за слобода на македонскиот народ; ни од Турци, ни од Грци, ни од Бугари, ни од Срби. КПМ имала една, ама вредна, успешна четиригодишна борба заслужна за денешната слобода на македонскиот народ.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Откако ќе дојде на власт, партијата што била во опозиција и истите тие „лидери“, како по правило, забораваат на своите ветувања водени од единствената цел – да се „заработи“ што повеќе пари. Затоа не е лошо да се размисли за воведување „гаранција“ за чесност (во пари и имот), кој секој „избран и именуван“ функционер би ги заложил.

Перо КОСТАДИНОВ
Обично почнуваме да размислуваме за мирот во моментот кога го губиме. Мирот во светот е нешто за што не размислуваме на глобално ниво секој ден. Неговата важност ја разбираме единствено кога немирот доаѓа недалеку од нас и почнува директно да нѐ загрозува.

Весна КИРАЏИЕВА
Замислете да беше пропагандата обратна, да се учеше кинески на пример, тоа ќе нi беше природно – јазикот е огромна предност или бариера во изборот на тоа каде се движите по светот и чии медиуми и книги читаме за информирање – дали ќе се чувствувате како странец или брзо ќе се претопите во средината каде што циркулирате.