Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
„ПРДЕЖИ“!
На народот му е подобро без скапиот грав, кој само му го дуе стомакот со гасови. Ама затоа го има на функционерското евтино мени. Зар не ги слушате „прдежите“ од политичарите? Резервираат маса во ЕУ, а на трпеза ни го сервираат Груевски. Добар апетит! За ова треба здрав стомак за да се издржи!
ИНТЕРВЈУ – ВИОЛЕТА КЛИСАРОВСКА
Директорката на Клиниката за онкологија, Клисаровска, во ексклузивно интервју за „Фокус“ објаснува со какви проблеми се соочила кога стапила на функцијата, посочувајќи дека, иако буџетот на клиниката за лекови е зголемен, сепак тој не е доволен за реалните потреби, како и за зголемениот број нови пациенти.
ИСТОРИСКО ВРАЌАЊЕ
Дали Врховниот суд ќе биде конечниот спас за поранешниот премиер Груевски – ова прашање се наметна откако беше објавено дека адвокат што го бранел Орце Камчев поднел иницијатива до Врховен, во која се бара највисокиот суд да донесе начелен правен став за аболициите на Иванов.
ИНТЕРВЈУ – ИЗЕТ МЕЏИТИ
Меџити упатува тешки критики кон поранешната партија, велејќи дека паднала на ниско дереџе, одејќи по паметот на Груби. Според него, ДУИ е партија со изминат рок, која наликува на криминален клан што го контролира бизнисот со казина, лихварство, дрога…
БЛИСКИОТ ИСТОК
Во првата фаза од војната, која дефинитивно следува, Палестинците сигурно ќе го извлечат подебелиот крај. Но, проблем е што за првпат од крајот на Студената војна јавно се креира и декларира антизападен блок, кој отворено ќе заземе страна во една голема војна.
БЕНЕФИТИ ОД ОСЕТЛИВОСТА
Минските полиња се опасни, најмногу затоа што не знаеш каде сѐ се мините. Кучињата во двор се страшни, ама не се опасни, сѐ додека не им влегуваш на територијата што ја чуваат. Така и политичарите што се секогаш ладни како камен, се опасни, за разлика од оние кои на незгодни прашања редовно избувнуваат.
БЕКАМ
Точно десет години по пензионирањето, Бекам ја раскажа својата приказна, своите подеми и падови во тимовите во кои играл, како и менувањето на приоритетите во животот, од тоа дека фудбалот му е секогаш на прво место.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Битиќи мораше да слуша навредливо прашање од новинар, кој е зачуден од можноста, спикерот, кој е Албанец, да стане вршител на должноста претседател на РС Македонија. Премиерот даде еден одличен одговор за вредностите што ја раководат неговата партија, а можеше само да каже: Па што, ако претседател е Албанец.
Ана ПАНОВСКА
Уште кога „добричината“ Заев, опиен од победата на изборите, самоуверен, недопирлив, изјави дека „никој од администрацијата нема да биде избркан од работа“ и кога молчешкум се откажа од ветингот во судството, природен развој на настаните беше да се случи вртоглавото заминување на СЈО, кое просто со амин и на СДСМ го пуштија по вода.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Трачарењето се сведува на властољубие и саможиво однесување, со цел да се манипулира со луѓето, односно да се влијае врз нив. Предумисла со калкулирање и прогнозирање од кого и од што може да се има ќар, но и на кого треба да му се нанесе зијан, кој треба да биде „полеан со помија“, кој да се држи „на кратко јаже“.
Линдита КАДРИУ
Со двете нозе приземјен. Природно скромен. Тоа е бездруго доблест на оние што напредуваат со свој труд, без дубари… Не сум слушнала некогаш да го повишел тонот. Или да изгуби нерви. Стотина луѓе директоре го викаат, а тој не се научи како директор да се однесува. Затоа е омилен.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Сѐ додека постои поделба на криминалците на „ваши“ и „наши“, така што за едните кривично правниот прогон е политички прогон, а за другите одговорност и еднаквост на граѓаните пред лицето на правдата, сѐ дотогаш нема да има правна држава.
Сања ЛУКАРЕВСКА
Па, кој тоа лежи за 1.000 евра?! Само Лидија од Никшиќ. Кај нас, на пример, се лежи, но за неколку нули повеќе. Значи, не е до лежењето. До парите што чекаат ќе да е. Е тоа важно е. Да има кој да чека. Тогаш живот „се лакше одробија“.