1456

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

МАКЕДОНСКИОТ ТРУМАН
Ако животот на Труман го режираше Кристоф, во нашиот живот има многу режисери. И сите гледаат само да бидат на власт и сѐ да зависи од нив, но и добро да заработат од шоуто.

ВЕВЧАНСКА ФАМИЛИЈА
Минатата седмица објавивме дека „Атриум“ на семејството на поранешниот амнестиран пратеник Крсто Мукоски инкасирала 1,5 милиони евра преку договори за тековно одржување на објекти на ПУИК, иако имало значителните отстапувања меѓу ориентационите и понудените цени. Во ова продолжение, пак, откриваме како компанијата добила уште повредни тендери од ПУИК за изградба на нови објекти?

КРИМИНАЛНА ШЕМА НА ОНКОЛОГИЈА
Работите одат дотаму што дел од лекарите тврдат дека може на болните да им се стави минимално количество од лекот, а другото да биде обичен физиолошки раствор. „Фокус“ открива со кои лекови се правеле манипулации со цел незаконска заработка на грбот на тешко болните од рак!

АВТОКАМП КРАНИ
Продолжува правната битка на Здружението на кампери од автокампот Крани. Тие поднесоа кривична пријава за измама и перење пари против две приватни компании, бидејќи им наплаќале надомест за земјиште што е во државна сопственост.

ЕКСТРЕМНА ДЕСНИЦА
Неолиберализмот ги троши последните резерви од разнишаниот рејтинг. Од друга страна, десницата јава на брановите масовно народно незадоволство и ветува чуда, кои реално не можат да се остварат.

БЕНЕФИТИ ОД ИНАЕТОТ
Секој политичар сака јавност што многу лесно може тој да ја убеди во неговите идеи, ама апсолутно никој не сака таа иста јавност утре некој друг политичар, неговиот опонент можеби, исто така лесно да ја убеди во неговите ставови.

ЕВОЛУЦИЈАТА НА БАРБИ
Ако мислите дека филмот „Барби“ ќе биде уште една романтична комедија, во кој играат преубавата Марго Роби и Рајан Гослинг, се лажете.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Не сум доволно паметен да смислам што ќе прави која било власт надвор од европските процеси, со заладени односи со САД, ЕУ и со втората по бројност етничка заедница во државата, Албанците.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Стотици партиски ботови и тролови, вработени во јавни и државни институции, невладини организации и клиентела по разни основи, креираат лаги и трачеви, создавајќи лажен привид дека поголемиот дел Македонци се за уставни измени!

Линдита КАДРИУ
Да се биде себичен во Тетово е елементарна грешка. Ќе покажат со прст на тебе, ќе те екскомуницираат зашто другите ја креваат лествицата. Тука и обичните граѓани се одѕиваат на фејсбук-повици на инфлуенсерите за прибирање помош.

Александар НИКОЛОСКИ
Висококорумпирана држава никогаш нема да стане членка на ЕУ. За висококорумпирана држава никој нема со прст да помрдне и да ѝ каже на Бугарија – доста е! Напротив! Затоа битката број еден на следната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде силна битка со организираниот криминал и корупција!

Фатмир БИТИЌИ
Одредени интересни групи што ги поставуваа дел од нормите на економската и политичката егзистенција во државата, вознемирени како да одлучија, свесно или не, самоиницијативно или под „диктат“, да се спротивстават на геополитичкиот ритам на кој сме изложени.