1455

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

МОРБИДНИ СЛУЧУВАЊА
Како може некој што полагал Хипократова заклетва, а да речеме и да не полагал, да е обичен магационер, аптекар, болничар да учествува во бизнис-шеми, кои удираат по здравјето на пациентите? Дали вечер мирно спијат, ако украдат цитостатици?

ВЕВЧАНСКИОТ КЛАН ПОД ЛУПА
Семејната компанија на Крсто Мукоски наплатила 1,5 милиони евра од ПУИК со дампинг-цени за одржување објекти. Речиси секогаш кога друштвото ги добивало тендерите, се проблематизирала големата разлика во цени. Што открива нашето истражување?

КОКАИН НАСЕКАДЕ
На џет-сет забавите се шмрка чист кокаин, но младите се жртви на дилери, кои го мешаат кокаинот со анестетици, препарати за животни, мелени неонки, пудра, аналгетици… Па, така скапиот „кокаин“ не е веќе дрога за богатите, се наоѓа и поевтино и го има на секој чекор, но е фејк.

ГРАДЕЖНА ТРЕСКА
ДУП-от Буњаковец 2 од 2012 година, во кој влегува кругот на поранешната фабрика „Треска“, останува во сила, и покрај сите обиди за негово менување. Сопствениците на градежните парцели веќе почнаа со изградба на првата зграда, додека уште 2 барања за издавање одобрение се во обработка.

ГОЛЕМА АЛБАНИЈА
Од 1991 година досега никогаш немало поголема сплотеност во македонскиот етнички блок, во поглед на албанското прашање. Ова е првпат народот и интелектуалната елита (која секогаш била смирувачки фактор) да се најдат на иста страна на историјата и да се доведени во состојба да мора да се бранат плашејќи се за својот долгорочен опстој.

ДОБРИТЕ СТРАНИ НА РАЗОЧАРУВАЊАТА
Добро е да бидеш разочаран зашто само така ќе сфатиш дека нешто не си направил како што треба. Ако од тоа извадиш поука и пробаш пак, ама на поинаков начин, добро е, ама ако поуката ти е дека не си се залетал во ѕидот доволно силно со главата првиот пат и сега треба посилно да удриш, осуден си на ново разочарување.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Луѓе сме од крв и месо и со секакви, па и патриотски чувства. Дека народот ќе си ги објаснува работите со помош на своите чувства е донекаде разбирливо. Но, отсуство на образована интелектуална елита, која би требала да знае подобро, е рамно на трагедија, што може да нѐ чини држава и нација.

Ана ПАНОВСКА
На власта, реално ама баш ич не ѝ треба двотретинското мнозинство. Што ќе ѝ е? Да си го носи дома? Доволно ѝ е ова просто мнозинство што си го има и да си тера уште цела година до редовните парламентарни избори, кога со олеснување може да каже: „Доста е, сега ВМРО-ДПМНЕ нека си ја тепа главата“. Ама нам, на граѓаните ни е потребно двотретинското мнозинство.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Повеќе од три децении не важи принципот „Едно е да се сака, друго е да се може, а трето и четврто – да се направи“. Голем процент високи позиции заземат неграмотни ќускии и интелектуални евнуси. Писмените и компетентните се пикнати во ќошиња.

Линдита КАДРИУ
На баба сите осум деца ѝ починале пред или непосредно по породувањето. Мислеле дека нивната лоза замрела. Кога повторно забременува, првиот комшија Душан се заложил баба да се породи во Државна болница во Скопје, со царски рез, новост во таа 1938 година.

Славјанка ПЕТРОВСКА
На многумина им должиме нивните дела да ги претставиме достојно и да се гордееме со тоа што направивме, сите ние, претходници и наследници. Секој еден што некогаш бил и поминал низ Армијата и Министерството за одбрана оставил трага и сопствен печат, е можеби помало, можеби поголемо камче во мозаикот, но впрочем во тоа е убавината на мозаикот и тоа го прави посебен.

Васко КИЧЕВСКИ
Подадената рака на премиерот Димитар Ковачевски кон опозицијата, како на државно, така и на локално ниво, постојано се злоупотребува од нивна страна за билдање на личниот рејтинг, целосно занемарувајќи ги потребите на граѓаните.