1454

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ПОДОБРИ ВРЕМИЊА
Се чини дека процесот на уставни измени завршува во ќор-сокак, но темата почнува да служи како тригер за предизборно маневрирање и позиционирање. Сепак, изборите нема да го решат прашањето од кое зависат преговорите со ЕУ, бидејќи само теоретски е возможно една политичка партија или коалиција самостојно да освои 80 пратеници.

ЗЛОСТОРНИЧКО ЗДРУЖЕНИЕ
„Фокус“ открива разработена криминална бизнис шема на скопската Клиника за онкологија со препродавање лекови, во која се вклучени повеќе лекари и медицински персонал на клиниката. Во системот се внесувале фиктивни пациенти, а на дел од пациентите им се дава половична терапија. Така, скапата биолошка терапија завршува на црниот пазар.

„ЧИСТЕЊЕ“ ВО ПОДЗЕМЈЕТО
Со последните мафијашки убиства што се случија во последните пет месеци продолжи процесот на разбивање на македонските криминални банди и нарко-картели. Убиството на Оки во Грција го обезглави кланот „Дуќанџик“, додека водачот на она што остана од ривалскиот клан „Беланоца“, познат по семејството Ајети, е во притвор.

ИНТЕРВЈУ: ВИКТОРИЈА АВРАМОВСКА-МАДИЌ
Заменик-министерката за правда во разговор за „Фокус“, зборува за процесот за уставните измени, кој почнува со отворање на расправата во Собранието. Таа вели дека ќе има 80 пратеници што ќе гласаат „за“, не затоа што има некакви информации, туку затоа што верува во пратениците.

СИЗИФОВСКА БИТКА
Единствениот начин да се бориме со светската инфлација е да имаме силни домашни амортизациони механизми, како во енергетиката и производството на храна, така и во сите други сектори. За жал, кај нас, цели три децении, ниту една влада ни приближно нема изработена стратегија како да се справува со вакви глобални закани.

ОСТАВАЊЕ ЗА КРАЈ
Ако оставиш со години да стојат дупките по улиците, да има диви депонии и дивоградби, тоа народот ќе го сфати како нормална ситуација и ќе се навикне. Па, кога ти пред изборите одеднаш ќе се зафатиш да решаваш и средуваш, што инаку си требало во годините пред тоа секој ден да го правиш, на народот тоа ќе му се стори како неверојатен прогрес.

ВИРТУОЗОТ ЏОН МАЛКОВИЧ
Тој вели дека здодевно му е прашањето како е да се биде Џон Малкович, кое го слушнал сто илјади пати, и малку е изморен од забелешката зошто секогаш мора да биде „лошиот“ во филмот.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Американските интереси не покажуваат дека за Украина вреди да се оди во нуклеарна војна. Исправени во ароганцијата на својата моќ, двете големи сили можат да го уништат светот. Освен ако, да употребам еден омразен израз од Македонија, не смогнат сила „да свиткаат кичма “ и, преку дипломатија, да дојдат до прифатлив компромис.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Народот, кроток и наивен велеше:„Ќути, има од бетер и побетер“, надевајќи се дека ќе има оправија. Така ден за ден, постепено се привикнуваше на околностите и условите. Изминаа шест години, а не разбра кога и како го свариле во лонецот на „шарените револуционери“.

Ана ПАНОВСКА
Ајде јунаци, во Собранието предложете амандмани со кои ќе се избришат Албанците и другите националности од Уставот. Да видиме како ќе ве дочекаат опозициските албански партии, вашите поддржувачи и идни коалициски партнери, кои ви се посраа на вашето скапоцено, национално достоинство со масовните оргии во Чаир и во Тетово.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Биљал Касами треба да биде прашан каде завршуваат милионите евра кои од буџетот се уплаќаат на Општина Тетово, како и каде завршија 40 милиони евра доделени како неповратна дотација на фирма што ќе „гради“ фабрика за електрични автомобили.

Линдита КАДРИУ
Тахир беше израснат во месноста наречена  Балтепе, што на турски значи Ридот на медот. И навистина мед и млеко течело во комшиските односи, разликите никој нормален за проблем не ги сфаќал.

Александар НИКОЛОСКИ
Оваа комбинација на неспособност и криминал, од една страна, и желба за успех, од друга страна, ја поставува Македонија во состојба самата да прифати да се негира и избрише, а македонскиот народ самиот да признае дека е дрво без корен, дека нема историја, култура и сопствена национална и политичка самосвест.

Стефан БОГОЕВ
ДПМНЕ и Левица сакаат повторно да сме изолирани од светот како што бевме 11 години во време на режимот на Груевски. Тоа е концепт во кој чувствувате лажна гордост и патриотизам, а фрижидерот ви е празен.

Реџеп ИСМАИЛ-ХАКТАН
Бугарија може да го спори апсолутно секој историски настан пред 1991 година. Очигледно е дека целта е присвојување на Македонската револуционерна борба и нејзино изедначување како бугарска.