Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
СИТЕ СЕ ЕДНАКВИ, АМА НЕКОИ ПОЕДНАКВИ
Се додека не се преземат конкретни мерки, пораките дека обвинителството е независно, дека судството е посебна власт, дека никој не е посилен од системот и државата, се празни флосколи. Во реалноста, само декларативно сите се еднакви пред законите и институциите, а фактички – некои се поеднакви од другите.
РАСТЕ СЕМЕЈНАТА БИЗНИС-ИМПЕРИЈА
Фокус“ открива нов имот на таткото на скопската градоначалничка Данела Арсовска – Ванчо Јовановски. Фирмата „Титан Моторс“, основана од Јовановски и уште едно лице, кои и денес се нејзини сопственици, поседува земјиште од над 17 илјади квадрати распротрането на 6 катастарски парцели во Гази Баба, каде постојат два деловни објекти и подигнати се две хали.
ПРАЗНИ ЗБОРОВИ
Мрежи на фирми се поврзуваат со актуелните функционери преку нивни роднини, внуци, сопруги, пријатели, но институциите тешко можат да докажат дали политичарите калапат богатство преку нивните блиски, бидејќи со години се чека Законот за потекло на имот.
ПОЛИТИЧКИ МЕТЕЖ
Политички земјотрес во моментов се случува во албанскиот политички блок во земјава. Прегрупирањата носат нови фрагментирања, кои резултираат со основање нови партии. Сепак, се очекува до изборите се да се заврши со поделба во два спротивставени блока.
ДРЖАВЕН УДАР ВО НИГЕР
Откога военото раководство во Нигер и официјално го повика Вагнер на помош, работите станаа кристално јасни дека потенцијалната криза во Западна Африка е само уште еден во серијата геополитички судири кои деновиве ја тресат целата планета. Ако дојде до масовна војна постои потенцијал за човечки жртви многу поголем од оној во Украина.
ПОЛИТИЧКИ ЕГЗИБИЦИОНИЗАМ
Како ќе знаеш дека народот е глупав? Па, ако упорно паѓа на апла глупави финти, значи заглавен е во тој низок стадиум на интелектуален развој. Ако пак за да го замајуваат на политичарите им се потребни многу комплексни финти, тоа е добар знак.
ДАЈВЕР-ЧАСОВНИК
Овој часовник порано бил алатка без која не можело да се замисли влегувањето во вода. Го носеле војниците во морнарицата и професионалните нуркачи.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Се плашам дека и опцијата промена на границите е опција која може да се најде на масата во услови на пропаднати балкански држави, како што ни покажаа националистите од разни бои кои ја урнаа Југославија.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Проклето во право е премиерот Ковачевски кога верува и признава дека македонската агенда е иста како европската. Со тоа ја потврдува болната вистина дека најголемата историска поука за неуспехот на Илинденското востание било слепото верување во Европа. Тоа било и остана за навек погубно за Македонците!
Јанаки МИТРОВСКИ
Бил млад, бил неженет тоа и не е толку круцијално, но да се цени како олеснителна околност тоа што изразил каење е сосема неосновано во услови кога на очиглед на целокупната јавност Ангелче беше кип, односно не покажа никаква емоција.
Перо КОСТАДИНОВ
Како држава имаме огромен потенцијал за развој преку земјоделството. Со силно земјоделие и успешен земјоделец, немаме потреба од нови капацитети на тешка и загадувачка индустрија и рудници во плодните котлински предели.
Маја КАДИЕВСКА – ВОЈНОВИЌ
Има инфлација зошто не се идентификуваат структурните фактори, како на пример демографските промени, иселувањето на населението, намалувањето на работната сила кои ги вивнуваат трошоците за работната сила (платите). Нема мајстори, нема келнери, нема работници, а има побарувачка.