1451-1452

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

„ЛИКОТ И ДЕЛОТО“ НА ГРУБИ
Тој ги предводеше инцидентите за изградбата на црквата-музеј на тврдината. Толпата, меѓу кои беше сегашниот вицепремиер, маваа со камења кон новинарите, кои беа качени горе на тврдината, истите оние со кои сега дебатира по медиумите. Е сега, се сврте клопчето.

ИНТЕРВЈУ – СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ
Со шефот на државата разговараме за процесот на уставни измени и евроинтеграциите, за правосудството, економијата, безбедноста, а воедно открива и кои фактори ќе бидат клучни за неговата одлука дали да се кандидира за втор мандат.

ЦРНАТА ЛИСТА
Ажурирањето на „црната листа“ на САД, на површина извади и подзаборавени сомнежи. Камчев, освен во друштво на Груевски и Мијалков, се најде и до Абдул Јашари, за кого американските власти тврдат дека е скопјанец и терорист во Сирија. „Фокус“ ја открива неговата улога во случајот „Монструм“.

АВТОКАМП „ГРАДИШТЕ“
И по две декади, наследниците на имотот во Градиште не можат да си го вратат земјиштето, бидејќи Комисијата за денационализација не спроведува пресуди на Управниот суд. Во меѓувреме, со него стопанисува приватна фирма.

ДОПРВА ДОАЃА ЗЛОТО
И на меѓународната и на домашната политичка сцена буквално нè очекуваат урагани и цунами, кои неизбежно ќе се случат. До крајот на годинава, дефинитивно ќе се изнагледаме многу поцрни сценарија, и од онака црните во кои живееме цели три и пол години.

ИНСТИТУЦИИ
Ние сите очекуваме институциите да соработуваат хармонично едни со други, како да е тоа некој совршено искореографиран балет, ама функционерите не се танчари и балерини, туку борци и фајтери од кои се очекува и со реални противници да се справуваат.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Победата на Трамп би значела голем предизвик за американската демократија, но и за меѓународните односи. Со оваа опасност на ум, некои поинакви македонски политичари би копале со раце и со нозе за членство во ЕУ.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Со Бугарите како конститутивен народ, кои божемски учествувале во создавањето на македонската држава, се брише антифашистичкото минато на македонскиот народ, а бугарските фашисти ставаат „администратори“. Налудничаво, ама тоа е!

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Изборите, независно од тоа кога ќе се случат, се неминовност, а граѓаните на нив, без пардон на сите партии, ќе им ја испорачаат сметката за сето она што го прават или не го прават денес!

Сања ЛУКАРЕВСКА
Маргарет Атвуд засади дрво во Паркот на поезијата во Струга. Верувам ќе им одолее на временските закани. И ќе потсетува дека дури и на демократијата некогаш ѝ е потребна помош.

Александар НИКОЛОСКИ
Не е храброст да прифатиш беспоговорно сѐ што ќе ти побара тој наспроти тебе, само затоа што чувствуваш дека твојата фотелја и комодитетот му го должиш нему, без оглед од каде доаѓа – од Атина, Софија или од Брисел.

Реџеп ИСМАИЛ-ХАКТАН
Странските инвестиции во случајот на „Бехтел и Енка“, како и рудниците на смртта во источна Македонија, се закануваат да ги полеат со пепел македонските историски и археолошки, но и природните и еколошки богатства и потенцијали.