1450

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ПРАВДА ЗА НОВИНАРИТЕ
Шест години по „крвавиот четврток“, Уставниот суд одлучи дека ми била сторена повреда на слободата на јавно изразување, кога практично бев оневозможен да си ја вршам работата како новинар на „Фокус“, поради насилниот упад на демонстрантите во парламентот. Една битка е добиена, но војната продолжува.

ИНТЕРВЈУ СО ВЕСНА ДАМЕВА
Во интервју за „Фокус“, таа зборува за нејзиното разрешување од претседателската позиција во Судски совет, но и за нејзината борба против судиите, кои, како што вели, одработуваат за туѓи интереси, за поединци од политиката, за нивни приватни и партиски интереси.

СКАНДАЛ ,,РЕМЕДИКА”
,,Ремедика“ не ја почитува забраната и без никаков проблем продолжува со работа. Оттука, се поставува прашањето – кој ќе одговара што болницата не е запечатена со жолта лента, а министрите за здравство не ја одзеле дозволата?

ИНТЕРВЈУ СО ФАТМИР БЕСИМИ
Поради големиот интерес, граѓанската обврзница ќе стане постојан финансиски инструмент, кој, пред сè, ќе ги заштити од инфлација заштедите на граѓаните, а нив дополнително ќе ги мотивира поактивно да ги користат своите пари, вели министерот за финансии.

НА ГРУЕВСКИ МУ ЦВЕТА БИЗНИСОТ
Бегалецот Груевски ги „засукал“ ракавите и во далечната Будимпешта не седи со скрстени раце. Во неговата човек-фирма, годишно свртува по неколку илјади евра, а и добивката не му е за потценување. Во изминатата 2022 година бил во ќар над 22.000 евра.

ПОЛИТИЧАРИТЕ НА ТАЕН ОДМОР
Каде и со кого ќе летуваат и колку средства ќе потрошат, се прашањата што им ги постави „Фокус“ на дваесетина високорангирани политичари во државава. Од сите нив со одговор нè удостоија само двајца.

БЕНЕФИТИТЕ ОД ИЗИГРУВАЊЕТО
Првата добра страна од меѓусебното изигрување на политичарите е што тоа служи како потсетник за сите вклучени дека така се игра таа игра, па да се жалиш дека некој те изиграл во тој свет е како да бидеш изненаден од жештината во јули.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Сосема исправно, Македонија го избра помалото, а Украина далеку поголемото зло. Затоа, никој нека не убедува никого дека изборот во меѓународната политика е меѓу „исправена“ и „свиткана“ кичма. Изборот е меѓу „свиткана“ и „скршена“ кичма.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Загаден град, воздух, природа и општество со три погубни агенси: партизираност, корупција и манипулација. Нема ништо во македонското општество што не е партиски контаминирано.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Ќе слушнеме многу колнења, ветувања и друг арсенал за „конечно справување“ со криминалот и корупцијата во државата. Се разбира, сè до понеделникот, првиот ден по изборите. Потоа сè ќе биде по старо!

Јанаки МИТРОВСКИ
Да се бара да се спојуваат притвори одредени по други предмети, кои патем се неправосилни, покрај што е исклучително неуко, е и срамота да доаѓа од уста на професори.

Бисера КОСТАДИНОВСКА-СТОЈЧЕВСКА
За ВМРО-ДПМНЕ, патриотизам е да заработиш на грбот на народот, да му ги украдеш парите и сето тоа дозирано на начин што ќе им ги украдеш нивните пари во размер да има за сите – за партијата, за шефот, за себе, за прво второ и трето колено…