Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЃУБРЕ НАСЕКАДЕ
Ѓубрето почна да се чисти од контејнерите, но тоа не го реши проблемот со системот, кој останува длабоко контаминиран. Полни со смет, во фигуративна смисла, се скоро сите сфери и дејности – политика, здравство, образование, правосудство. И медиумите загубија авторитет…
ИНТЕРВЈУ СО ФАТМИР ЛИМАНИ
Лимани открива како семејството Ахмети го стекнале богатството и каде сѐ имаат имот. Во имотното портфолио на семејството влегуваат пасишта, каменолом во Буковиќ, бачила, вили во земјава, како и во соседна Албанија. Воедно, обвинува дека семејството Ахмети контролира и дел од бизнисот со канабис.
СЛУЧАЈ: РЕМЕДИКА
По толку години, продолжуваат натегањата меѓу Mинистерството за здравство и приватната општа болница „Ремедика“ околу новоизградениот и проширен дел, поточно, како што обелодени „Фокус“, дивоградбата за која нема никаква дозвола, но се извршуваат здравствени дејности.
ФРАНЦУСКО СЦЕНАРИО
Според податоците што ги обезбеди „Фокус“, расте бројот на издадени дозволи за работници од странство во последните години. Но, растот би бил уште поголем ако се олеснат комплицираните бирократски процедури.
НА ПЕЧАЛБА
Лани, на македонски граѓани им биле издадени 10.053 дозволи за работа и престој во Хрватска, а годинава, само до мај, дозвола добиле околу 5.000 граѓани. Најголемиот број од тие што заминаа во Хрватска се студенти.
ИНТЕРВЈУ СО МЕТОДИЈА МИНОСКИ
Методија Миноски зборува за најновата инвестиција на ПроКредит Холдинг заедно со ПроКредит Косово, во изградба на фотоволтаичниот парк во Косово, но и за тоа како банката ја стимулира енергетската транзиција.
БУДАЛИ И МУДРИ
Ако дозволиме политиката да стане здодевна, луѓето, или сосема се исклучуваат од неа, или остануваат вклучени, ама под висок напон. Затоа потребни се, неопходни се одвреме навреме секакви провокатори и провокации да ја пецкаат јавноста и да го одржуваат интересот.
ПРОДАВНИЦА ЗА ПЛОЧИ
Со купувањето плочи, всушност, купуваме уметност. Музиката станува материјална, а ние можеме да ја допреме, да ѝ се восхитуваме визуелно на корицата, па дури и да го почувствуваме мирисот на плочата.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Во тешки моменти, нашите историски претходници ја прилагодувале својата политика на реалноста, а не на прецртување граници, кои секогаш и секаде завршуваат во војна. Не припојување кон Бугарија, вели Гоце Делчев, туку независна (мултинационална) македонска држава.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
На здравје, бричење! Бугарија ќе има неограничено право на вета кон Македонија, сѐ додека не ја разнебити. Така ќе се одвива забрзаниот процес на европеизација преку асимилација и бришење на македонизмот.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Ако кој било, барем еден, од судиите и обвинителите, имаат барем еден бозон на лична чест, човечко достоинство и чувство за лојалност кон сопствената професија, граѓаните и државата, не треба да ја преспијат следната ноќ без да размислат за својата оставка.
Фатмир БИТИЌИ
Лекот за национализмот го има „пропишано“ еден од најпочитуваните англиски есеисти и романсиери, Џорџ Орвел во „Белешки за национализмот“(1945), каде што вели „патриотизмот е вакцинација против национализмот“, затоа што тој не гладува, ниту копнее за моќ.