1445

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЖИВИ МРТОВЦИ
И додека политичарите бистрат само политика, граѓаните се ставени на последното место, па во оваа држава, во која цел живот се прават рамковни договори, преспански договори, нели сè за доброто на народот, народот глава не крена од беспарица, страдање.

„ДРУГАРОТ“ И „ДАСКАЛОТ“
Дали Ковачевски и Мицкоски ќе формираат широка владина коалиција, која ќе го истурка процесот на уставни измени, или пак процесот ќе остане блкиран, па во таква наектрелизирана атмосфера ќе се дочекаат следните избори, на кои нема да се бираат средства за победа?

„ФАМИЛИЈАТА“ ВО АКЦИЈА
Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања и „Виста груп“ најверојатно ќе продолжат да ги вршат психолошките тестирања на судиите, иако претходната претседателка на Судскиот совет Дамева не им го продолжи договорот. Како „Виста“ се поврзува со Влатко Мијалков, брат на далеку попознатиот Сашо?

ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ
„Фокус“ обезбеди податоци за бројот на лица со попреченост што примаат надоместок и направи пресметка колку ќе ја чини државата да ги зголеми овие надоместоци за 78 отсто. Пари, кои нели, во буџетот не се предвидени, исто како што не беа предвидени ниту за функционерите.

БЕХТЕЛ И ЕНКА
Со измените на Законот за минерални суровини, на конзорциумот „Бехтел и Енка“ им се дава „на изволте“ и националното природно богатство. Зошто е толкав интересот на една градителска фирма во рударството, а власта безусловно ѝ удоволува?

РЕПОРТАЖА ОД МИЛАНO
Како што се искачувате по скалите, така пред вас се појавува здание, кое како да не го граделе луѓе, туку директно го спуштила некоја цивилизација од вселената, заглавена во готика.

УКРАИНСКА КОНТРАОФАНЗИВА
Ако се спореди оваа контраофанзива со претходните, кога беа ослободени Херсон и околината на Харков, Русите сега тактички, ниту се повлекуваат, ниту бегаат, па максимално ќе ги измачат Украинците за секоја педа земја.

БРАК И РАЗВОД
Менувањето партии има лоша репутација, ама не би требало. Зар не е подобро да менуваш партии додека не ја најдеш „онаа правата“ од која ќе бидеш задоволен, наместо да останеш верен на некоја партија што ти носи само мизерија?

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Наместо формулата македонскиот народ и делови од народи, да ги наброиме припадниците на нациите што ја сочинуваат Македонија: Македонци, Албанци, Турци, и така по ред, во зависност од нивната бројност, вклучувајќи ги и Бугарите.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Разнебитена држава, како Македонија, „функционира“ според  дистопискиот органограм: криминогена власт, параспур сетирани институции, папазјанија етноапартхејд систем, дунстер паразити на одлучувачки позиции и маргинализирани или изопштени способни лица.

Ана ПАНОВСКА
Ако ВМРО-ДПМНЕ успее сега да ги блокира преговорите со ЕУ, јасно е дека во некои идни слични преговори ќе ни пристигаат нови услови, не само од Бугарија, туку можеби и од Србија, Албанија и од Косово, што, пак, да не повторно и од Грција.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Што е државата без нејзините институции на системот? Затоа, ако сакате да ја разградите и „изумрете“ државата, уништете ги нејзините институции на системот. Во пракса, веќе повеќе години тоа и се случува!

Сања ЛУКАРЕВСКА
Словенија и Хрватска се членки на ЕУ. Србија ги почна преговорите, отвори поглавја и се „отвори“ Косово. Црна Гора ги продолжува преговорите, Босна е поблиску до нов Дејтон отколку до ЕУ. Ние?

Гордана ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА
Искрено, не ми е јасно во кој дел тој другиот разбра дека ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставни измени под бугарски диктат. Па, ајде ако е толку сигурен веднаш, уште утре нека ги стави на гласање уставните измени.